MAMAНега и здравје
Силниот имунитет сега е клучен: Ако го користи овој витамин ќе бидете отпорни на сите вируси!
Недостатокот на витамин Д е поврзан со разни болести кои влијаат на белите дробови
Ако му обезбедите на вашето тело доволна количина на овој витамин, вирусите не можат да ви направат ништо.
Со години, витаминот Д се смета за важен минерал за силни коски и заби, но списокот на неговите позитивни ефекти врз здравјето е долг. Се покажа дека е најефикасно во зајакнувањето на имунитетот.
Витаминот Д го штити имунолошкиот систем на неколку начини, а кога станува збор за заразни болести како што е Ковид-19, научниците се особено заинтересирани за неговите антиинфективни својства.
Светската здравствена организација, како и други институции, како што е Европската агенција за безбедност на храна, издадоа препораки во исхраната со кои ќе се зајакне организмот во борбата против коронавирусот, а високо на таа листа се храна богата со витамин Д.
Недостатокот на витамин Д е поврзан со разни болести кои влијаат на белите дробови и горниот респираторен тракт, како што се грип, ХИВ, хепатитис, хронично опструктивно белодробно заболување, астма, хроничен ринитис, туберкулоза …
Една неодамнешна студија во списанието „Nutrients“ објасни дека механизмите со кои витаминот Д може да го намали ризикот од инфекција, вклучува производство на антимикробни протеини кателицидин и дефензин, што може да ја намали репликацијата на вирусот и концентрацијата на антиинфламаторни цитокини кои го оштетуваат ткивото на белите дробови и го забрзуваат воспалението.
Можеме да обезбедиме витамин Д на организмот преку сончевите зраци, но и преку одредена храна. Ако не ја земате препорачаната доза со храна, лекарите советуваат да консумирате капки витамин Д.
Најбогатиот извор е рибата како што се туна, сардини, скуша, треска, харинга, лосос, но сите други морски плодови се одличен избор во овој период.
Витаминот Д е растворлив само во масно опкружување, што значи дека диетата со масна храна е важна за апсорпција на овој витамин. За да го извлечеме најдоброто од тоа, треба да го комбинираме со магнезиум и калциум.