Дом и семејство

Снаата на Новак Ѓоковиќ го покажа бебето: Сашка прозборе за односот во семејството- Љубовта не ни недостасува

Таа е пресреќна поради улогата на мајка...

Снаата на број еден тенисерот Новак Ѓоковиќ, Сашка Веселинов, поранешна водителка, денес креаторка, а воедно и мајка на момчето Александар, ги откри сите детали од брачниот живот со сопругот Ѓорѓе Ѓоковиќ.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Сашка неодамна се оствари во улога на мајка а сега откри колку се променила по доаѓањето на синот но и како таа и Ѓорѓе функционираат како родители.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

– По природа сум многу емотивна, па улогата на мајка уште повеќе ме возбуди и ми разбуди некои нови чувства. Навистина, сите коцки се поклопија во нашето семејство, секој ден чувствувам благодарност и мир, затоа што сега се е на свое место – рече таа, а потоа откри дали наследникот и задава слатки болки:

фото инстаграм/Сашка Веселинов

– Секој ден ми е полн со акција, навистина никогаш не ми е досадно. Тренирам секој ден, успевам да креирам и нови колекции, често одам во мојот салон за венчавки, а исто така со бебето поминуваме што повеќе време на чист воздух. Александар е прекрасно бебе и не ги буди родителите навечер, често на шега велиме дека проблемот е во нас постарите, и дека е многу лесно да се функционира со него. Ретко го слушаме како плаче, а кога го слушаме, точно знаеме што му треба. Среќни сме поради тоа какво бебе имаме, или ние придонесовме неговата енергија да биде таква, во секој случај сме задоволни. Едноставно е, не можете да ги измамите децата и животните, нивната интуиција е многу силна.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Како што вели, нејзиниот сопруг Ѓорѓе е максимално вклучен во одгледувањето на наследникот.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

– Џоле е максимално вклучен во одгледувањето на нашето бебе, правиме се заедно и уживаме во секој момент. Можам да се потпрам на него и пресреќна сум што Александар ќе порасне во мирно и хармонично семејство, со многу љубов, заврши Сашка.

фото принтскрин/Папарацо Лов

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close