Дом и семејство

Пес во куќата: 5 најдобри раси за во семејство

Отсекогаш сте сакале да имате и чувате куче во домот и сега конечно се решавате таа идеја и да ја реализирате. Ние ќе ви дадеме неколку совети што и како тоа да го изведете правилно.

После неколку месеци убедување дека ќе ги завршите сите домашни обврски и ќе ги работите домашните задачи на време и покрај сите останати, врзани околу грижата за новиот член на семејството, одлуката е конечно донесена – им ветивте на децата дека ќе им набавите пес за куќен љубимец!

И додека нивното воодушевување не стивнува, вие размислувате за тоа, кој ќе стане нов член на вашето семејство. Загриженоста е донекаде оправдана, затоа што некои раси не се баш најпаметен избор за детски љубимец, ако се земе во предвид агресивната природа и малиот праг на толеранција за сите ’изливи на љубов‘ на малиот домаќин.

Но бидејќи одамна секој што може да се нарече себе си за цивилизиран припадник на денешново општество, знае дека животните (и во конкретниов случај кучињата) се одлични ’додатоци‘ во семејството, кои покрај позитивниот импакт што го имаат на атмосферата во куќата, исто така се и одлични за психолошкиот развој на децата. Затоа и ние сега ќе ви дадеме неколку совети за тоа кое куче е најсоодветно за темава за која денес пишуваме, па така…

Ветеринарите и познавачите на животни препорачуваат 5 раси како одличен избор за семеен љубимец, па размислете на нив кога му бирате другар на вашиот клинец.

 Избор број еден: Кокер Шпаниел

alt

Со меко крзно, долги уши и секогаш расположен за игра, кокер шпаниелот е секако избор број еден за детски другар, посебно доколку децата се мали. Познавачите на кучиња се сложуваат дека оваа раса е фантастична за семејства со деца – мали, преслатки, не прават многу бука и не се злопамтила кои ќе се обидат да вратат кога детето од љубов ќе ги стегне малку повеќе. Сепак, доколку се решите за кученце од оваа раса, проверете да нема некое заболување кон кое овие песови се генетски склони, а кое може да предизвика силни болки во главата и вратот.

 Избор број два: Лабрадор

alt

Доколку имате куќа и двор, па со самото тоа нешто повеќе простор за поголем пес, лабрадорот е идеален избор за вас. Точно е дека ова се големи кучиња, но се сосема добри по карактер, интелигентни и  послушни, па доста лесно се тренираат. Многу се дружељубиви и го обожаваат престојот надвор, на отворено, па така на децата со лабрадорот никогаш нема да им недостасува друштво за трчање. Љубителите на кучиња велат дека златниот лабрадор е полесен за тренирање отколку оној со боја на чоколада или црн, па затоа размислете за тоа дали вашиот иден пес ќе го носите на натпреварување или ќе го одберете она кученце по кое  вашето срце едноставно само ќе тргне.

 Семеен пес број три: Шнауцер

alt

Доколку барате пес кој секогаш ќе биде со вашето дете, определете се за шнауцер. Одлучувајќи се за шнауцер, тешко дека ќе направите грешка, иако можеби лаат малку повеќе, но затоа се многу верни, доверливи и остваруваат извонредно силна врска со семејството со кое живеат. Ова е тип на куче кое навистина има вистински ’семеен‘ карактер.

 Број четири меѓу фаворитите: Мопс

alt

Мопсот е нешто помлад брат на боксерот и затоа К9 стручните лица го препорачуваат за семејства со мали деца (иако боксерот е одличен семеен пес, доста е силен и лесно и несакајќи може да бутне на земја дете од 1 до 3 години). Мопсот меѓутоа ги има сите добри одлики на боксерот, само е телесно помал. Овој пес има одличен карактер и не бара многу. Во суштина, тој е права ’маза‘ и обожава да го поминува времето по дома.

 Фаворит број пет: Мелез

alt

Со големо срце, благодарен карактер и способен да го исполни вашиот дом со неизмерна количина на преданост и љубов, мелезот е и повеќе од идеален куќен љубимец за вашето дете. Одлучувајќи да вдомите мало кученце од мелез ’од азил‘ за животни, на детето му давате повеќе од пријател за целото детство. Покрај тоа што ќе се почувствува важно што му помагате на друго живо суштество, детето (ќе) може да види и какви последици има лошото однесување со животните. Доколку се одлучите за мелез, посвојте кученце од 9 месеци – на таа возраст веќе се гледа карактерот на кучето, спремно е да ги научи основните правила на однесување и да се навикне на новиот дом. Песовите во места за згрижување се обично вакцинирани и исчистени од паразити, но сепак, за да бидете 100% сигурни, однесете го до ветринар!

 Како децата да бидат безбедни со песот

alt

Кога новиот четвороножен член на семејството по прв пат стапнува во вашиот дом, поставете ги основните правила на однесување за обете страни, со што и децата и кучето ќе бидат навистина прави пријатели – и тоа за цел живот!

Потрудете се на песот да му биде јасно дека сепак детето е на прво место – во ситуации кога го држите бебето во раце, треба да му биде јасно дека треба да си го дочека редот за добивање на поголемо внимание.

Одбележете (не буквално и физички) дозволена зона за љубимецот. Ова е сосема индивидуална одлука – додека едни родители не му дозволуваат на песот да влегува во спалната соба како детето не би се изложило на бактерии, други сметаат дека детето лазејќи по другите простории, секако доаѓа во контакт со сериозни супстанци. Во секој случај, границите кои ќе ги поставите треба да се почитуваат!

Ако се земе во предвид дека децата често – и покрај сите предупредувања и објаснувања зошто не треба да му пикаат прсти на песот во очите, ушите или пак го влечат за опашот – не е лоша идеја во најмладиот период на раст, да го научите кучето на таков вид на игра, како подоцна не би реагирало (оправдано) бурно.

Кога детето веќе може да разбере, објаснете му како може да се мази со песот и што му годи, а што не!

Научете го детето да не вришти кога си игра со кучето и дека неговиот љубимец не сака кога детето е грубо со него. Значи: нема буткање, мавање со предмети и влечење за опаш или уши.

Нека малиот/малата научи дека времето за јадење е време за мир и спокојство и за песот како и за него, што значи дека нема вознемирување додека песот јади.

И на крајот, со сите правила и грижа околу тоа како детето ќе се спријатели со кучето, не заборавете да им дадете време да се навикнат еден на друг. Дозволете им да здружат на себе својствен начин и наскоро вашиот клинец ќе има најдобар и најверен пријател за целото детство.

P.S. Децата одгледани на ваков начин (не само со куче, туку домашен љубимец воопшто), имаат многу помали шанси да станат социопати или склони кон деструктивни девијантни појави во понатамошниот тек на животот.

alt

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close