MAMA

Трагедија – питбули нaпaднале и yбилe две дечиња, мајката завршила во болница!

Мајката на децата е во болница од денот на нападот

Канцеларијата на шерифот на округот Шелби објави дека две кучиња, Миа и Чич, се еутанизирани по громорозниот напад во средата во домот на нивното семејство во Силван Роуд, во близина на Мемфис кога нападнале и уб-иле две деца и ја искасале нивната мајка.

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук/Колби Бенард

Миа и Чич биле дел од семејството осум години без никакви насилни инциденти. Пред осум години, Колби сподели слика од двата питбула на Фејсбук и ги нарече свои куќни лавови, додека разговара со Кирсти.

Не е јасно дали тоа се истите кучиња кои стојат зад нападот во средата.

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук

Кучињата фатално ги нападнале Холас Дин Бенард, пет месеци и Лили Џејн Бенард, две години, околу 15:30 часот во средата.

Нивната 30 годишна мајка Кирсти Џејн Бенард од Милингтон од денот на нападот е хоспитализирана и нејзината состојба е сменета од критична во стабилна.

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук

Сопругот на Бенард, Колби, кој управува со застапништво за Харли Дејвисон во Мемфис, остана неповреден. Не е познато каде се наоѓал во моментот на нападот на децата.

Свекорот на Бенард, Џеф Гибсон, во објава на Фејсбук објавил дека нападот траел повеќе од 10 минути и дека нивната мајка во ниеден момент не се откажала од обидот да ги спаси децата.

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук/Кирсти Џејн Бенард

Пријателката на мајката на децата Кирсти, Кејси Галини изјави:

-Тој напад траел подолго отколку што некој може да замисли. Можам да кажам дека на Кирсти овие деца и беа целиот свет и ако постоело било какво навестување за опасност, таа никогаш немаше да дозволи кучињата да бидат во близина на децата.

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук/Кирсти Џејн Бенард

Гибсон открила дека мајката на две деца има огромен број на конци и траги од каснување по целото тело, вклучително и лицето, а рацете и нозете и се преврзани и завиткани целосно.

Таа додава дека мајката постапила многу храбро во оваа ситуација, дека сите нејзини повреди ќе заздрават и дека не се нанесени некои рани кои се живото-загрозувачки, освен трајната повреда на нејзинот срце која никогаш нема да заздрави.

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук/Дедото на децата

Обдукцијата на децата се уште се чека и семејната пријателка Деби Харви изјави дека деталите за погребот сеуште не се објавени, но наскоро ќе биде одржано бдеење.

Пријател на семејството основал фонд за да им биде помогнато на семејството да застанат на свои нозе и до сега има собрано 29 000 долари за еден ден, надминувајќи ја целта која ја замислил од 20 000 долари.

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук/Кирсти Џејн Бенард

Питбулите се познати по тоа што имаат еден од најсилните каснувања, покрај мастифите и ротвајлерите, според Канин Ројал. Расата исто така е на списокот на списанието на кучиња кои најмногу касаат, покрај чивавите, германските овчари и кокер шпаниел.

 

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук/Кирсти Џејн Бенард

 

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук

 

ФОТО: Принтскрин/местото на несреќата

 

ФОТО: Принтскрин/местото на несреќата

 

Извор: Дејли Меил

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close