Бебе

Kако децата учат да пливаат

Откријте како најлесно да го научите вашето дете да плива

„Поголем број дечиња се учат да пливаат до својата осма година, но, со ваша помош, детето може да ги совлада пливачките вештини многу порано.“

Ова е важно бидејќи со пливањето кај децата се развива моториката. Па така, ако вашето дете е:

Од 6 до 18 месеци:

Со ваша помош детето би можело да ги совлада покретите на нозете во водата, да плови на грб како и да научи да влегува и излегува од водата. Потребно е тоа да знае дека вие ќе бидете тука покрај него, а за да го привлечете полесно да влезе во водата можете постојно да му повторувате „види, види златна рибичка“ или нешто слично.

Од 18 месеци до 3 години

На оваа возраст на детето можете да им ги покажете основните вештини, како што се покретите со рацете. Потоа да го научете како се задржува и испушта воздухот во водата, како се излегува од водата… Важно е да не се претерува во сето ова, туку да се остави детето самото да одлучи кога е спремно за нешто ново.

За да го натерате да се игра со вас во водата, вие можете да се послужите со пластични играчки или со оние на воздух. Треба да внимавате местото каде што се играте да биде комотно за вашето стоење во водата, т.е. да не биде подлабоко од метар и половина.

Од 3 до 5 години

На оваа возраст детете е спремно за пливање. Покажете му како да го прави тоа и оставете го тоа самото да проба да стигне до вас. Ако тоа успее да се одржи на водата, тогаш вие пополека оддалечувајте се од него, како тоа би пливало повеќе.

На оваа возраст исто така, вие можете да се играте со детето со топка или да го натерате тоа да проаѓа под вашите нозе. Бодрете го и фалете го на секоја негова успешно завршена задача, а доделувајте му често и по некоја задача како што е собирање на бели каменчиња..

Од 5 години …

Во овие години децата најчесто учат да пливаат бидејќи тогаш се стабилизира нивната моторика. Доколку вашето дете научило да плива, следен чекор е да го научете да скокне во водата на глава. За почеток тоа треба да го прави од седечка, т.е од позиција на клечење.

Како место за скокање може да послужи вашиот грб. Запомнете дека тоа место за скокање им е омилено на децата!

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close