MAMA

Пејачката за своето бебе доби подарок вреден 650 долари- погледнете го овој брендиран скафандер!

Од својата колешка доби скап подарок

Познато е дека во Холивуд воопшто не се штеди кога станува збор за подароци, особено ако тие се за бебе. Годинава нажалост нема можност за собири, па така познатата пејачка Аријана Гранде, која е многу блиска пријателка на Кети Пери, по пошта и испрати подарок за нејзината ќеркичка.

Судејќи според сликите што ги објави познатата пејачка Кети Пери на својот Инстаграм профил, бебето Дејзи Дов, и покрај пандемијата, доби раскошни и скапи подароци.

Малата Дејзи Дов Блум се роди во август. Сепак, благодарение на колешката на нејзината мајка, пејачката Аријана Гранде, таа сега ќе биде подготвена за првата зима.

Пејачката на тримесечното бебе му испрати бел скафандер од брендот Живанши кој чини 655 долари, или околу 70 илјади динари.

 

„Кети и Орландо, честитки и ве обожавам и двајцата !!! Со љубов Аријана “, напиша пејачката во пораката на подарокот.

Аријана Гранде не е единствената што ја испочитува нејзината колешка и испрати скап подарок. Претходно во септември, пејачката Тејлор Свифт им испрати на невенчаните родители рачно везено розово ќебе за Дејзи Дов.

 

„Госпоѓицата Дејзи го обожава везеното ќебе од госпоѓица Тејлор Свифт Свифт“, напиша тогаш Кети на Инстаграм.

 

Кети Пери и Орландо Блум ја откажаа свадбата поради пандемијата

Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум во март, одлучиле да ја откажат својата венчавка поради страв од коронавирус.

Среќната двојка организирала венчавка и речиси се било,подготвено за да се изговори судбоносното „да“, но поради ситуацијата со коронавирусот и паниката во светот тие одлучија венчавката да ја одложат зошто таков собир не е безбеден.

 

„Се беше подготвено за венчавка, 150 гости беа повикани во Јапонија на венчавка. Кети беше страшно возбудена поради сето тоа, посебно кога дозна дека е бремена, но сега се е откажано за некое подобровреме, изјави тогаш извор близок до двојката.

 

Пејачката и актерот се разочарани поради откажувањето на церемонијата, но се сигурни дека донеле исправна одлука.

На 27 август, Кети Пери среќните вести ги сподели на социјалните мрежи со црно-бела фотографија на која заедно со својот вереник Орландо Блум, ја држат својата ќерка за рака.

 

Кејт и Орландо започнаа да се забавуваат откако се запознаа на забава по повод доделување на наградата Златен Глобус во 2016 година, а се верија по три години, на Денот на вљубените.

 

 

Пред извесно време се пишуваше дека парот кој моментално живее во Калифорнија, планира да се пресели во Англија каде би сакале да расте нивната ќерка Дејзи Дов.

Парот повремено се грижи и за  деветгодишниот Флин, синот кој актерот го има од бракот со познатата манекенка Миранда Кер.

 

Имено Дејзи има двојно државјанство затоа што нејзината мајка Кети Пери е родена во Калифорнија, а Орландо Блум е по потекло од Кантербери.

 

 

Еве како изгледа Кети Пери само неколку месеиц по породувањето…

 

 

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close