MAMAНовости

114-годишен монах од Етиопија го победи коронавирусот!

Лекарите сметаат дека неговиот случај е неверојатен

Лекарите сметаат дека неговиот случај е неверојатен

Семејството на монахот Тилахун Валдмајкла тврди дека има 114 години, што значи дека тој би бил најстариот човек на светот, доколку имал службен документ што ќе го потврди тоа.

Лекарите посочуваат дека најранливата група, доколку се заразат со ковид-19, се луѓе постари од 80 години, а овој стогодишник, од  Етиопија бил ослободен од болницата за помалку од три недели.

„Додека бев во болница, му се молев на Бога за здравје. Плачев и се молев дека целата земја повторно ќе биде здрава “, изјави монахот за Би-Би-Си.

Тилахун дознал дека е позитивен на ковид-19 во спорадичен тест спроведен во неговата населба во Адис Абаба и бил примен во болница пред да се појават симптоми на болеста, давајќи му на лекарскиот тим можност да проактивно лекува и внимателно да го следати од самиот почеток.

Штом се појавија симптомите, тој доби кислород, антибиотик и дексаметазон, ефтин и широко достапен стероид за кој англиските истражувачи велат дека го намалува бројот на сериозно болни пациенти за една третина.

Болницата не може да потврди дали старецот е навистина 114 години, но според мислењето на лекарскиот тим, извесно е дека е постар од 100 години. Лекарите процениле дека тој имал 109 години.

Дома го чува неговиот внук, кој изјавил дека неговиот дедо се чувствува и изгледа добро и покрај неговата возраст, и дека неговиот глас само ослабел малку после болеста.

Во Етиопија досега се потврдени 5.570 случаи, а 94 лица го изгубиле животот како резултат на инфекција со вирусот на корона.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close