Новости

НАПРАВИ ПОТЕГ КОЈ ЈА СКРШИ: Мустафа Сандал без знаење на Емина донел одлука за заедничкиот имот!

Решил да ја продаде вилата во која живееја

Моментално ниту Емина, ниту Мустафа Сандал не живеат во прекрасната вила каде ги делеа најубавите моменти во животот со своите деца.

Вилата која се наоѓа на азиската страна на Истанбул,  наводно сега, пејачот без знаење на Емина, кој по се изгледа решил да се ослободи од спомените,  сака да ја продаде вилата и овој луксузен имот, за кој таа е емотивно врзана да отиде во туѓи раце.

Емина не се согласува со ваквата одлука на Мустафа да го продаде скапиот имот, па дошло до расправија.

За Емина, таа куќа носи убави спомени на децата и убав период на бракот. Таа беше многу тажна кога слушна дека Мустафа ја продава вилата. Веднаш му се јавила и му рекла дека тој не треба да го прави тоа и дека тоа е куќа што треба да им остане на нивните синови. Низ солзи таа рече: „Не ја продавај вилата! Децата го сакаат тоа место, можеби дури и ќе се вратиме во неа.  Недвижноста не треба да се продава лесно! Почекај уште малку, слушај ме!, рекла Емина во телефонски разговор со нејзиниот сега веќе поранешен сопруг.

 

”Мустафа смета дека треба да им купи станови на синовите, но таа не се согласува со тоа, па ситуацијата е сè уште напната. Вилата сè уште не е продадена, а не е познато дали Мустафа ќе се откаже, иако дури и по разводот најмногу и се покорува на Емина затоа што таа секогаш му давала добар совет и таа е навистина многу рационална – рекол изворот близокна парот за Ало.рс.

 

Емина се уште не го преболела разводот!

 

Пред извесно време пејачката посочи дека разводот со Мустафа, бил најтешкиот период во нејзинот живот, за кој, како што вели, сè уште не го надминала.

– Оваа година беше многу тешка за сите нас, но јас имав исклучително тешки и болни периоди во мојот живот и пред тоа. Најтежок ми беше периодот кога се разведував со Мустафа. Застанав на нозе, но секоја жена што доживеала развод знае дека тоа е нешто на кое мирисате со години – изјави пејачката за „Информер“.

 

 

– Сè уште не сум го надминала распадот на бракот, но време е сè да се стави на своето место. Кризата во бракот траеше долго. Ние се обидовме да го задржиме, најмногу заради децата. Колку што беше потребно да се создаде, толку требаше и да се распадне – изјави Емина во емисијата со Огњен Амиџиќ.

 

 

Емина откри и дека денот на разводот за неа бил најтешкиот ден во животот.

– Денот на разводот беше катастрофален за мене, две години се подготвував за тоа. Плачев многу, а и тој. Тој тагуваше. Не плачеше, но тагуваше, видов дека не му беше лесно.

 

Судијата рече: „Те молам, престани да плачеш затоа што ќе го одложам судењето“ – откри тогаш пејачката.

Како што и самата истакнува, некако научила да балансира, па сега не реагира бурно и емотивно на проблемите. Вели дека на ова ги учи и своите синови.

Таа истакна дека денес многу посмирено реагира на секој проблем.

– Имам деца и се обидувам да им објаснам колку е важно да се најде рамнотежа помеѓу добрите и лошите работи во животот. Мудроста доаѓа со возраста и останува до крајот на животот – рече Емина.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close