Новости

КАКО ЛЕЖЕЊЕТО НА СТОМАК СПАСУВА ЖИВОТ: Тоа е најлесен метод, а помага на пациентите заболени од Ковид-19!

Овој метод се применува секаде во светот

Светот се соочува со една од најголемите пандемии предизвикана од вирусот Ковид-19.

До сега бројот на смртните случаи од пандемијата во светот надмина 1 милион 387 илјади 333 лица, на случаите на зараза изнесува над 58 милиони 543 илјади, а досега оздравеа повеќе од 40 милиони 509 илјади заболени од вирусот.

Докторите се уште се во потрага по вистинската терапија, метод и вакцина со која ќе успее да се стави крајот на оваа пандемија.

Група на доктори откриле метод кој значително помага за подобрување на состојбата на заболените од коронавирус.

Д-р Мангала Нарашиман минатиот петок добила итен повик од еврејската болница Лонг Ајленд.

 

foto eZadar.hr

Повикот бил од нејзиниот колега од одделот за интензивна нега кој и соопштил дека пациент кој имал околку 40 години заболен од вирусот, бил во критична состојба.

Без ни малку паника, таа веднаш се сетила на еден метод за кој многумина тврдат дека помага.

Му рекла на колегата да го сврти пациентот на стомак да види дали ќе успее, и за среќа успеа.

 

FOTO: PROFIMEDIA

Методот со кој се послужи доктор Нарашиман е поддржан од бројни лекари во светот кои велат дека лежење на стомак кај пациенти со тешка слика, може да спаси живот.

Како причина за тоа зошто овој метод е толку применет е тоа што на тој начин се зголемува количината на кислород што стигнува до белите дробови на лицата заболени од Ковид-19, пишува „Си-Ен-Ен“.

 

“Ова спасува животи, сто проценти. Тоа е толку едноставна работа, но забележавме огромно подобрување. Ефикасно е за секој пациент”, рече д-р Наришиман, која е регионален директор за интензивна нега во Нортвел Хелт, група која поседува 23 болници во Њујорк.

Таа исто така беше поддржана од д-р Кетрин Хиберт, директор за интензивно лекување во Општата болница во Масачусетс, која рече:

 

„Откако ќе видите дека работи, сакате да го примените кај повеќе и ќе видите дека веднаш дава резултати“.

Овој метод во Франција беше потврден за успешен уште пред седум години!

Француските лекари уште пред седум години, објавија статија во медицинското списание во Англија, за фактот дека пациентите со синдром на акутен респираторен дистрес, што може да биде фатален и кај пациенти кои страдаат од грип, пневмонија,  кои биле на апарати за дишење, имаат помали шанси да починат ако бидат ставени на стомак во болницата.

 

И во Америка веќе неколку години ги ставаат пациентите со ARDS на дишните патишта во оваа позиција со различен интензитет.

Праксата е двојно зголемена со појавата на пандемија на вирусот корона.

foto jutarnji.hr/

На пример на пациентот од болницата на Лонг Ајленд, овој метод ги даде следниве резултати: нивото на кислород во неговото тело се зголеми од 85 на 98 проценти, што беше голем скок.

Се препорачува пациентите да лежат на стомак околу 16 часа на ден, а остатокот од времето да лежат на грб, така што лекарите да имаат пристап до предниот дел од нивното тело.

„Ставајќи ги на стомак, им отвораме делови од белите дробови кои претходно не беа отворени“, рече д-р Хиберт.

Во Општата болница “Mass General” кај една третина од пациентите кои се на респиратор се применува овој метод.

Овие се најкритичните пациенти и затоа кај нив овој метод може да биде најкорисен.

 

Лекарите од “Mass General” им рекоа на медицинските сестри да ги посетуваат и оние пациенти кои не се на интензивна нега, но се збаолени од Ковид-19, и да ги охрабрат да лежат на стомак.

Бидејќи не е лесно да лежите во оваа положба 16 часа, медицинските сестри сугерираат тоа да бидат најмалку четири часа на ден – по два часа со пауза.

 

“Повеќето се подготвени и се трудат да успеат. Колку долго ќе останат во таа положба навистина се разликува од личност до личност, без разлика дали им е пријатно да спијат така или ќе им здосади па ќе се свртат на грб”, рече д-р Хиберт.

Помага ли овој метод кај други пациенти?

Споменатото истражување на француски научници не го опфати следното прашање – дали лежењето на стомак е ефикасно за пациенти кои не се на апарати за дишење.

Медицинскиот центар на Универзитетот Раш, чиј директор на Одделот за истражување на белодробни и кардиоваскуларни болести, д-р Дејвид Вимес, рече дека во моментот работат на едно истражување чија цел е да се испита ефикасноста и колку долго пациентите треба да лежат на стомак за тоа да даде резултати.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close