Новости

Љуба почи*ала пред болница: Две недели се мачела, молела за преглед- не сакале ниту ПЦР-тест да и направат!

Коронавируасот коси во Украина

Украина веќе со недели води тешка битка со вирусот корона и очигледно губи. Веќе две недели нивниот здравствен систем е во целосен хаос. Нема повеќе места во болниците, а пациентите ум*раат поради недостаток на кислород.

 

 

Доказ за целосниот хаос во болницата е и случајот со 63 годишната Љуба Јурченко, која пред неколку дена, на 18 ноември поч*на како последица од Ковид-19 и тоа на прагот на болницата во Путивл, Украина, откако две недели се борела со тешкиот вирус и се лекувала во домашни услови.

Foto: Profimedia

Секојпат кога ќе контактирала со својата кума, Љуба велела дека се чувствва многу лошо и дека температурата и е над 39.

Иако немала сила, и не можела да стои на нозе, Љуба на кобниот ден, дошла во болница да побара помош, но за жал не успеала.

На денот на нејзината см рт таа требало да прави скенер во болницата, но за жал поч*нала кога пристигна пред клиниката.

– Таа само врескаше, падна и почина. Поч*на мојата драга Љуба, а јас сè уште не можам да го прифатам тоа, ниту фактот дека не можеа да ја спасат? – вели Олга Бордакова, кума на Љуба, додавајќи дека Љуба не го изгубила сетилото за мирис и вкус, нема никакви болки во телото но сепак се пожалила на омалаксаност.

 

-Ја прашав зошто не ја тестираат за корона, а таа ми рече дека и рекле дека нема доволно симптоми за тестот – тврди Бордакова.

Пријателка на Љуба пак тврди дека таа неколку пати молела да и биде направен ПЦР тест, па едвај прифатиле и тестот го правела во понеделникот, но било доцна бидејќи ситуацијата на Љуба нагло се влошила.

-Во средата веќе беше на работ на смр**а.  Нејзината ситуација нагло се влоши. Дадена е наредба за хоспитализација, но таа не ја доби. Не можеа да и најдат место порано?! Зошто не ја однесоа веднаш во понеделникот во болница. Зошто докторката која прва ја прегледала и и ја следела болеста, не се запрашала дали можеби до тогаш ќе поминел бронхитисот, од кој тој сметаше дека таа е заболена – се прашува пријателката на Љуба, Светлана Шалаповалова.

Докторката има друга верзија на настаните

 

Наспроти блиските на Љуба, докторката која ја прегледала има друга страна на приказната и го посочи прстот кон Брзата Помош која како што вели одбила да го земе пациентот затоа што немало место во болницата за пациент кај кој не е потврден вирусот корона. Исто така докторката Ала Чизик истакна дека и издала на Љуба електронски упат за истна хоспитализација но Љуба си заминала.

Таа тврди дека и самата се обидела да и обезбеди место во болницата, но без успех бидејќи брзата помош и рекла ќе го преземе пациентот само кога ќе и биде обезбеден болнички кревет.

 

 

– Жената излезе од вратата и отиде некаде, јас не ја избркав од кај мене. Се јавив кај нејзиното семејство и им објаснив дека Љуба е во тешка фаза и дека за неа барам кревет бидејќи мора итно да остане во болница. Како што веќе реков, таа сама си замина од болницата.

Пред две недели љуба правеше рентген каде се покажа дека има бронхитис. Тогаш тие и рекоа дека и треба упат за скенер за итни случаи. Ми се јави и јас и дадов упатст, а потоа ми се јавија од болницата,  и ми рекоа дека починала – тврди докторката.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close