Бебе

“Се прашував дали ќе можам повторно да одам”- Страотна исповед на мајка која поминала “пeкол” за време на породувањето!

Оваа мајка не ни помислувала низ што се ќе треба да помине за време на породувањето

Во Србија малку се зборува за проблемите што жените можат да ги имаат по породувањето.

Недостасува разбирање и помош. Жените претежно се оставени сами на себе. Во најчувствителниот период, тие остануваат сами. Тие се борат, секоја на свој начин. Покрај физичките трауми, постојат и психолошки, кои, поради небрежност, остануваат до крајот на животот, вака ја започнува својата приказна една мајка која имала тежок пораѓај.

Имав многу тешко породување кое заврпи со вакумско вадење на бебето. По упатство на лекарот, дојдов на породување во 8 часот наутро, бидејќи го поминав терминот два дена, а бебето беше големо. Немав болки. За време на прегледот во амбулантата, бев два прста отворена, но докторката со прсти ми го пукна водењакот и ме испрати во породилиштето, каде веднаш започнаа благи контракции. Добив и клизма. Во моментот на празнење, почувствував како нешто да ми падна во стомакот и болката започна. И оние неподносливите, ужасни, три минути. Јас лелекам, велат прошетај, нема каде да те ставиме. Беше околу девет и пол.

 

Подоцна, околу 12 и 30, почнав да паѓам од болка, не можев да стојам на нозе. Ме ставија на ctg, нозете ми се тресеа на креветот, не можев да ги контролирам. Потоа ме ставија на бокс за породување. Имав напон, но се отворав многу бавно.

Во 13 часот, ми дадоа епидурал (инаку тој ден не сакаа да стават на никого). Јас веќе бев истоштена. Во 14 часот дојде мојата докторка и рачно го прошири грлото, гледам дека нешто не и беше јасно, па повика друга докторка. Ме прегледа и рече „може да помине“. Докторката која ја повика рече не, погледни повторно, таа вели дека може (не знам што значеше тоа). Прашав дали е сè во ред, тие велат дека било. Докторката која дојде ме прашуваше од кога имам болки, но мојата докторка ме престигна со одговор и рече од 13 часот (а јас ги имав од девет и пол).

 

Добив индукција од 20 и тие заминаа. По половина час, мојата докторка се врати, таа рачно го рашири грлото, како на животно, и вели туркај. Туркам, но ништо. Ја викаат бабицата да лежи на мојот стомак, јас туркам, таа притиска и ништо. Тие ми велат дека не соработувам доволно. Доаѓа медицински техничар (маж) и тој го прави истото повторно, но тој е толку силен што помислив дека ќе ми испаднат очите и видов кога пукна крвен сад и се распрсна крв на лекарот. Сепак, ниту тоа не функционираше,  повторно велат дека не соработувам (по раѓањето имав модринки, на лицето и вратот од напрегање и на стомакот од стискање).

 

Во меѓувреме, добив уште две инекции. Бидејќи ништо не функционираше, тие решија да го извлечат моето бебе со вакуум. Ништо не ми кажаа, само видов дека донесоа апарат на количка, во моментот имаше 10 лекари и медицински сестри околу мене и по неколку минути го извлекоа бебето. Се чувствував како расклопена и се прашував дали ќе можам повторно да одам …

Добро е родив живо и здраво момче, тој доби оценка 9/10, имаше мал цефалхатема од вакуумот. Мојата најголема среќа на светот.

Но, бидејќи темата е породување, ќе продолжам за тоа. Имав ревизија и рачно отстранување на плацентата. Ревизија. Грлото ми пукна на две места, вагината, направив епизотомија. Ме шијеа половина час. Болката беше страшна со недели по породувањето.

Со оглед на ваквото породување,  очекував барем малку подобро да се грижат за мене на одделот но залудно.

 

 

Ми се чини дека никој нема разбирање или време за новите мајки и нивните страшни проблеми. Се породивте – сега снаоѓајте се како знаете.

Страшната болка во кокцигеумот траеше со денови. Исто така, и болката од раната. Не можев да станам од кревет долго по породувањето. Јас воопшто не можев да ја кренам карлицата. По 42 дена, почнав да седам. После 3 месеци, дознав дека грлото на матката ми е толку лошо зашиено, што ќе треба да одам на интервенција, каде што ќе го прошират (отворат). Сфинктерот ми пукна – морам да го оперирам. Бешиката ми спадна и матката , буквално може да се види однадвор. Голема ректоцела … И морам да го оперирам тоа.

 

 

Но, во Србија не се прават овие операции на млади жени! Треба да почекам да остарам за да го поправам тоа. И до тогаш морам да живеам со инконтиненција, постојано чувство на притисок и болка кога одам или стојам. И имам чувство на несигурност. Секојпат кога ќе станам од столот, ме боли коската на грбот. Поминаа две години откако се породив, а сè уште не сум трчала. Физички ми е многу тешко да поминувам часови со детето надвор. Да не го спомнувам психичкиот момент. Јас имам 29 години и тоа е моето прво дете. Се прашувам дали некогаш ќе се опоравам и ќе бидам старата?! Фала му на Бога, моето бебе е добро и тоа е единственото нешто што ме теши. Се надевам дека ниту една жена на овој свет нема да доживее лошо искуство како мене.

 

 

Се надевам дека лекарите ќе бидат повнимателни, раскажува мама Катерина.

Извор: yumama.com

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close