Нега и здравје

Педијатар Душанов со шокантни податоци: Се поголем е бројот на дебели деца, станува полошо со текот на годините!

Децата мора да внимаваат на изхраната и да бидат физички активни

„Д-р Милан Јовановиќ Батут пред извесно време ги соопшти  новите податоци  на Институтот за јавно здравје на Србија кои покажуваат дека секое трето дете во оваа земја е дебело.

 

Тој наведува дека во последните 20 години процентот на дебелина во Србија е зголемен за 60 отсто, а околу 43 проценти од децата консумираат слатки секој ден.

 

 

Од друга страна, помалку од 20 проценти од децата имаат навика да јадат едно овошје на ден, додека четвртина од сите ученици јадат слатки и по неколку пати на ден.

 

Податоците исто така велат дека во последните 20 години, како последица на недоволна физичка активност и лоша исхрана, бројот на деца со дијабетес е зголемен, а искривениот рбет на децата во Србија е проблем што трае со децении.

Педијатарот Славко Душанов за порталот Нова, се осврна токму на овие мрачни податоци и наведе колку се сменила ситуацијата во последните петнаесет години во Србија.

„Метаболички синдром порано беше резервиран за возрасни, за луѓе кои имаат висок крвен притисок, кои имаат високо ниво на шеќер во крвта, се дебели и имаат дијабетес тип 2. Претходно, кога метаболичкиот синдром првпат се појави како знак на дијабетес тип 2 , тоа не беше случај со деца, но сега, во последниве години, тоа стана се почеста појава кај децата. Значи, децата во адолесценција веќе ги имаат сите овие индикатори, исто како и возрасните, и тие се кандидати за дијабетес тип 2 “.

 

 

„Тој дијабетес е во пораст поради преоптоварениот панкреас, кој пак е таков поради лошата исхрана и дебелината и затоа што децата се сè помалку активни. Значи, за некој да добие метаболички синдром, треба да биде дебел, да има хипертензија и зголемен шеќер, а децата денес го имаат тоа затоа што слабо внесуваат здрава храна и затоа што не се движат доволно “.

 

Педијатарот  исто така објаснува зошто физичката активност е на прво место, дури и пред здравата исхрана.

„И покрај тоа што не јадете здраво ако се движите, ќе ги потрошите тие лоши калории и ќе има помалку штета за организмот, и нема да бидете дебели. Доколку не се движите, тоа е број еден фактор на ризик за кардиоваскуларни болести и дебелина “.

Во Македонија дебели се над третина од децата

 

Според последните податоци објавени минатата година дури една третина децата во нашата земја патат од прекумерна тежина.

Последните податоци кои за МИА, ги истакна доктор Игор Спироски од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека во 2016 година кај децата од шест до осум години има пораст кога станува збор за процентот на зголемена телесна тежина или дебелина кај децата. Дури 36,1 отсто од сите деца од второ одделение  имале зголемена телесна тежина.

Бројот се зголемува и во 2017 година кога кај 37,4 отсто  кај децата на таа возраст била забележана зголемена телесна тежина.

Во 2018 година има мал пад на бројот, односно  36,9 отсто од децата имале зголемена тежина и дебелина.

 

 

Докторот посочи дека родителите треба да водат сметка за тоа како се хранат нивните деца и да ги советуваат што е здраво а што не за нив.

– Физичката активност исто така треба да се комбинира со исхраната. Децата минимум еден час во текот на денот треба да бидат физички активни, од средно до високо ниво на физичка активност, а возрасните до 30 минути да бидат активни пет дена во неделата, посочи во една прилика доктор Спироски за МИА.

 

Децата со прекумерна телесна тежина и дебелина најверојатно ќе останат дебели во зрелоста и со поголема веројатност ќе развијат незаразни болести, како што се дијабетес и кардиоваскуларни заболувања на помлада возраст. Прекумерната телесна тежина и дебелината, како и нивните сродни заболувања, во голема мера може да се спречат, стои во последниот извештај на СЗО.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close