Новости

Самохран татко кој боледува од кaнцeр, ја изгубил куќата во земјотресот а сега е и жртва на измама: „Ми ги зедоа сликите и објавата и си ја ставија сметката“

Ги искористиле неговите податоци и собирале пари за донации во негово име...

38 годишниот Далибор Вигњевиќ кој е самохран татко и боледува од кнцер јавно се пожали дека бил жртва на превара откако измамник ги искористил неговите податоци за да собере пари.

фото Фејсбук

 

Имено Далибор живее со својата 12 годишна ќерка, а нивниот дом бил уништен во земјотресот кој ја погоди Хрватска неколку дена пред Нова година.

фото Фејсбук

Емисијата “Проверено” известува дека тој бил искористен од лажен лекар откако неговите пријатели се обиделе да му помогнат собирајќи донации преку Фејсбук.

 

фото фејсбук

Тие ми го превземаа профилот, моите слики и мојот пост и ја ставија својата сметка, како наводно да собираат донации за мене,  а всушност тоа не е моја сметка, рече 38-годишниот Далибор Вигњевиќ.

Сè уште не е познато кој ги собрал парите во негово име, и колкава е неговата заработка, како и колку пари биле собрани, а полицијата тоа ќе го утврди во најскоро време, пренесува Дневник.хр.

 

фото фејсбук

Инаку Вигњевиќ беше заболен од кнцер на коренот на јазикот, кој се прошири на вратот. Потоа се прошири надоле на рамото и, за среќа, тука застана.

Вратот и черепот беа отворени за да се стигне до основата на јазикот, а последици од операцијата останаа.

фото фејсбук

 

– Немам две третини од мојот јазик, неколку лимфни жлезди и неколку мускули. Нервот на рамото ми е оштетен, затоа многу малку ја кревам левата рака, десната нога е слаба, затоа што извадија мускул од неа за да се закрпат на друго место … Имав инвалидски и детски додаток. Живеевме… И тогаш ми беше одземен надоместокот за инвалидитет. Не знам зошто, бидејќи мојата физичка состојба е трајна – рече тој за Јутарњи лист.

 

 

Неговата куќа во Глина е оштетена во земјотресот.

Во моментов тој и неговата ќерка (12) имаат каде да живеат, но тој би сакал да има мала куќа со градина, каде што може да чува некои животни.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close