Новости

Познатата пејачка искрена: Не сакам да родам син на 45 години

Пејачката не крие дека сака син

Во улогата на мајка, познатата српска пејачка Катарина Каја Остојиќ се реализира кога наполни 18 години, а своето средно образование го заврши како вонреден ученик.

Таа вели дека никогаш не се покаја што го родила детето иако била многу млада, и посочи дека ниту нејзиниот тогашен партнер Никола Драгољовиќ сакал тие да го задржат детето.

– Кога дознав дека сум бремена, не се исплашив, иако бев млада. Ниту Никола. Прифативме дека „така треба да биде, се сакаме, ќе си го чуваме бебето и се венчаме“. Моите имаа големи очекувања за мене, па веста дека сум бремена беше шокантна за нив. Тие беа и против мојот однос со Никола. Ги повредив со своите постапки, тие навистина беа лути на мене, но сега ги разбирам – рече Каја за „Информер хит“ и додаде дека проблемите во бракот започнале за време на бременоста.

Пејачката искрено проговори за периодот во бременоста и посочи дека токму тогаш почнала да сфаќа дека Никола не е за неа, но помислувала дека тоа е поради хормоните од бременоста.

– Кога се породив, ја очекував неговата поддршка, но не ја добив. Тогаш сфатив дека и јас не сум психички подготвена за бебе, иако мислев дека сум. На Никола му беше подобро да излезе во град со пријатели, отколку да биде со мене и нашето дете. По голема расправија, го викнав татко ми да ме земе. Тато веднаш дојде а јас поднесов барање за развод –   изјави пејачката која зад себе има три брака.

Пејачката веќе некое време е во врска со хрватскиот фудбалер Мате Павловиќ, кој го запозна преку заеднички пријател.

– Никогаш немав желба да се омажам. Очигледно трите брака ми се случија затоа што не фантазирав за нив како другите жени. Тој потпис на хартија не може да им помогне на луѓето да останат заедно. Иако сум свесна за тоа, никогаш не вели никогаш. Моите планови честопати пропаѓаат и животот ме изигрува- рече пејачката и додаде дека би сакала да се реализира како мајка по втор пат.

– Би сакала да имам син, но не би сакала да го родам на 45 години. Сега имам 37 години ако ми се случи во следните три години, ќе го сметам за дар од Бога. Меѓутоа, ако не родам до 40 години, ќе се откажам – беше искрена Каја.

Ќерката на Каја денес има 18 години а пејачката рече дека е многу горда на неа.

 

Во продолжение уште неколку фотографии од пејачката…

 

 

 

 

Извор: Story.rs

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close