Градинка

Зошто на децата треба една иста работа да им ја повториме и по сто пати?

Дали се нервирате кога една иста работа треба да ја повторите безброј пати?

Да бидеме искрени, повторувањето на една иста работа може да ве доведе до лудило. Но, зошто е тоа така? Дали децата не’ игнорираат или суштината е во нешто друго? Одговорот ни го дава Драгана Алексич, семеен советник.

Процесот на учење во раната возраст е многу сложен, затоа што истовремено се развива мозокот како орган, а со тој развој тој мора да ги процесира сите информации кои стигаат до детето – секој нов звук, вкус, мирис, допир, боја, нови песнички, приказни, нови лица, нови зборови, облици, правила, барања… со еден збор – безброј работи!

Со сето ова мозокот „учи“ и како да ги систематизира тие информации, што да стави во долгорочната меморија, а што не. Со оглед на тоа дека за детскиот мозок се’ е ново, па нема креирано невронски врски (кои настануваат и се зајакнуваат низ повторуваните искуства), мозокот „сам одлучува“како ќе го филтрира сето тоа и го отфрла она што за него е вишок.

Така, кога еднаш ќе кажеме нешто, ќе покажеме или објасниме, кај детето таа информаци се задржува многу кратко во краткорочната меморија (до околу 30 секунди) и после тоа можеме да очекува едноставно мозокот таа информација да ја отфрлил, затоа што тој „не знае“ дека нам ни е важно детето да го запамети тоа. Затоа, клучот е во адекватното повторување. Кога родителите повторуваат иста ситуација, исти правила и сето тоа се поврзува со покажување (фотографии кои лесно се паметат), тогаш тоа се задржува во детската меморија.

Кога родителите ме прашуваат: „Колку пати морам да му повторам на детето? Јас им велам: Барем милион!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close