Градинка

Децата кои растат со куче се социјално и емоционално поинтелигентни, тврдат истражувањата

Бенефитите од чувањето куче се навистина големи.

Децата кои во домот растат со куче, покажуваат знаци на подобра социјална и емоционална состојба од децата во чиишто домови нема деца, покажува едно истражување. Тимот на експерти проучувале испитаници кои имале деца на возраст од две до пет години.

Откако ја испитале годината, полот, навиките на спиење и нивото на образование на родителите, го испитувале и влијанието на кучето на малите деца. Авторите анализира ле податоци собирани помеѓу 2015 и 2018 година. Од 1.646 домаќинства опфатени со истраржувањето, 686 имале куче.

Децата од домовите кои поседувале куче имале 23% помала веројатност да имаат потешкотии со изразувањето и препознавањето чувства и социјални интеракции, од децата кои растеле во семејство без куче.

Откриено е и дека децат акои растат со куче имаат 30% помали шанси за антисоцијално однесување. Авторите на студиите утврдиле дека 40% е помала веројатноста тие деца да имаат проблеми во интеракцијата со други деца, а 34% е поверојатно дека ќе се однесуваат социјално поинтелигентни и грижливи во играта со другите деца.

Исто така утврдиле дека децата кои потекнуваат од семејство каде што се чува куче, поретко имаат емоционални проблеми.

Дури и во домовите каде што кучето било член на семејството постоело разлика помеѓу децата, во зависност од тоа колку децата биле вклучени во грижата на својот миленик. Оние деца кои се придружувале при прошетка на миленичето барем еднаш неделно, имале 36‚ помала веројатност да имаат лош социјален и емоционален равој, во споредба со оние деца кои се шетале со кучето помалку од еднаш неделно.

Исто така децата кои играле со своето куче три или повеќе пати неделно, имале 74% поголема веројнатност да се однесуваат повнимателно и погрижливо, за разлика од оние кои си играле со кучето помалку од три пати неделно.

Придобивките кои ги имаат децата од чувањето домашни миленици

Милениците носат придобивки и за физичкото и за емоционалното здравје.

Милениците учат за одговорност

Помалку симптоми на стрес, депресија и анксиозност

Бесценета игра

Поголема самодоверба, поотпорност на алергии и астма, среќа и забава во домот, зајакнување на имунитет, поттикнуваат социјализација…

Секако, причините може да бидат уште побројни, што би додале вие на оваа листа?

Бонус галерија

Фото: Прнтскрин/ Јутјуб

Дpaматично спасување на куче

Во Сент Луис во Мисури волонтери од локалната организација за спасување на животни изведоа опасно спасување на куче кое се најде на улица во близина на автопат. На местото каде што кучето беше заробено, автомобилите возеа со голема брзина, па волонтерите требаа да бидат многу внимателни.
Мисијата беше извршена успешно.

Фото: Прнтскрин/ Јутјуб

Набргу потоа кучето доби и име – Доџ. тој испи цела канта со вода кога дјде во азилот и беше исплашен, изморен, но и пресреќен.

Фото: Прнтскрин/ Јутјуб
Фото: Прнтскрин/ Јутјуб
Фото: Прнтскрин/ Јутјуб
Фото: Прнтскрин/ Јутјуб
Фото: Прнтскрин/ Јутјуб
Фото: Прнтскрин/ Јутјуб
Фото: Прнтскрин/ Јутјуб

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close