Градинка

Кој е шеф? Знаци кои покажуваат дека имате дрско дете

Денес, за разлика од минатото, децата се одгледуваат на еден поинаков начин.

Дрзок, безобразен, тврдоглав или роден лидер – сите овие називи го опишуваат однесувањето на децата кои не го знаат своето место во семејството. Честопати за таквите деца се вели дека се разгалени и дека родителите не им поставиле граници.

Родителите, пак, понекогаш не забележуваат дека детето навистина се однесува така, а роднините и пријателите не сакаат да им се мешаат во одгледувањето. Ви прикажуваме 9 примери кои може да ви покажат дали вашето дете е многу дрско и дали треба да промените нешто во начинот на одгледувањето.

Ве вика по име, а не мамо или тато

Тоа е генијална тактика која автоматски го отстранува родителскиот авторитет. Ако детето е навистина дрско, честопати ќе го нагласува вашето име со одреден тон, а можеби ќе го додаде и вашето презиме.

И на своите 3 години воопшто не ве слуша

Уште од малечко детето ги избегнува работите кои ќе го натерате да ги направи. Едноставното „Одиме да јадеме“ или „Стави ги твоите обувки на место“, кај него не предизвикуваат никаква реакција.

Без проблем го прекинува разговорот на возрасните

Кога сме биле мали, нашите родители вообичаено ни кажуваа „Сега разговараат возрасните“. И тогаш повеќето од нас престанувавме да зборуваме. Целосно беше јасно дека е поставена граница, а децата мораа да чекаат возрасните да го завршат разговорот. Во денешно време границите се целосно изместени.

Не прашува, туку изјавува

Наместо да праша дали може да оди да си игра со другарчињата, тоа едноставно дрско ви изјавува дека излегува да си игра. Иако веќе му имате кажено да причека, сепак, тоа не дало резултат.

Ви се обраќа со наредба

Не прашува дали можете, дали сте зафатени или не… Едноставно изјавува: „Мамо (или ве вика по име), дојди!“

Негова омилена фраза е „Ти не си ми шеф“

Одеднаш сфаќаш дека детето кое е високо само 110 сантиметри и не може само да се грижи за себе, станал твој шеф. Ти се грижиш за храната, за кров над главата, облека и сите негови потреби, а тоа ќе одредува што ќе се работи и кога…

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close