Градинка

Зошто некои деца поретко се разболуваат од другите?

Неколку навики кои се важни за детето да биде здраво.

Сигурно и вие знаете некое дете кое многу ретко се разболува. Знаат ли неговите родители нешто што вие не знаете? Најверојатно не, велат експертите, но овие навики може да бидат корисни за избегнување различни болести.

Секогаш ги мијат рацете

Редовното миење раце драматично го намалува бројот на респираторни и болестите на дигестивниот систем, така што навиката за редовно миење на рацете со употреба на сапун е важна пред секој оброк. Ако детето не сака да ги мие рацете, изберете една една песничка која ја сака детето па нека ја пее додека ги мие рацете. Целиот процес би требало да трае најмалку од 15 до 20 секунди.

Секојдневно се активни

Истражувањата покажуваат дека редовната и умерена активност може да ги намали настинката и групот за дури 25 до 50%.

Сонот е важен

Погрижете се децата рано да заспиваат. Недостатокот на сон речиси го дуплира ризикот од настинки и грип. На повеќето бебиња дневно им треба околу 14 часа сон, а децата на претшколска возраст би требало да спијат од 11 до 13 часа.

Избегнување допирање на лицето

Вирусите и грипот навлегуваат преку носот, ушите и устата, па вашето дете би требало да ги држи рацете што подалеку од овие места. Да, секако дека ова е тешко да се постигне, па затоа миењето раце е чекор кој е особено важен. Учете го вашето дете никогаш да не дели цевка за пиење, чаша или четка за заби со другите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Интересно

Close
Close
Close