Градинка

3 работи кои не треба да ги правите за детето кое оди на училиште

Најчестите грешки на родителите на деца кои одат на училиште.

Лиса Лонг, мајка и учителка во основно школо, се соочила со многу искуства во текот на работата: ученици кои ги следат правилата, проблематични…

Па, таа одлучила да сподели некои од најчестите грешки кои родителите ги прават кога се во прашање нивните деца на училиште.

Изговори

Децата мора да научат дека животот е полн со природни последици. Како возрасни, ние знаеме дека ако не ја работиме својата работа, ќе добиеме отказ. Истото важи и за децата. Ако заборавиле или не ја сработат својата домашна работа, тие ќе добијат лоша оценка.

Не пишувајте ѝ на вашата учителка за да кажувате изговори. Не прашувате за продолжување на рокот. Не смилувајте приказни за тоа зошто твоето дете не напишало домашна работа, затоа што така ќе мисли ако доцни и нема домашна задача, и понатаму ќе добива награди како да ја завршило.

Правите се’ наместо вашето дете

„Може ли да ми ги заврзете врвките на чевлите?“ – да, ова е реченица која им се изговора на учителите. Во училиштето детето учи за рутина, зошто да не го учи тоа и дома? Тоа му помага и за во училиштето, а помага да научи и да биде одговорно.

Дозволете им на децата сами да го спремаат ручекот за во училиште, а тие ќе бидат свесни за она што им е потребно и ќе се научат дека треба да имаат обврски. Постојат два вида деца во училишната кујна: оние кои зад себе го оставаат своето ѓубре и оние кои го собираат своето, но и ѓубрето на нините пријатели.

Причината за тоа е очигледна – едните училе да прибираат зад себе, а кај другите мајките го прават тоа.

Секогаш очекувате награда

Не заслужува секој трофеј. Детето треба да биде особено гордо кога ќе се истакне во одредена облас и ќе го заслужи медалот. Децата вака учат лекции.

Напорната работа резултира со награда. Не е лесно да се види како детето плаче зошто не победило, но тоа искуство му пружи вредна лекција и прилика да развие подобар план за следниот пат.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close