Градинка

Јас сум строга мајка и овие се моите најголеми правила

Оваа мајка себеси се смета за строга, и горда е на тоа.

Мелиса Вилетс, мајка на три девојчиња, себеси се смета за строга и воопшто не се срами од тоа. Прочитајте кои се нејзините главни правила.

Нема мобилен телефон

Секако, не засекогаш. Но, мојата ќерка која е четврдо одделение тврди дека таа е единственото дете во класот кое нема свој мобилен телефон. Не ме интересира тоа што нејзините врсници мислат дека ова е кул, но моментално не гледа потреба таа да има мобилен телефон.

Ако можам уште некој период да ја држам оддалечена од социјалните мрежи и нивното лошо влијание, зошто да не го направам тоа?

Нема играње во домовите на децата чиишто родители не ги познавам

Нема да му дозволам на некој родител кој не го знам да го земе детето од училиште и нема ни јас своите деца да ги однесам во дом на чиишто луѓе не ги позанвам. Подобро да си играат со помалку деца, отколку да ги оствам во непознати домови и подоцна да жалам ако се случи нешто што не ми се допаѓа.

Нема преспивање кај други деца

Сакам да знам дека моите деца се под мој кров и дека се сигурни кога одиме на спиење. Доколку спиењето не е кој некој кој многу добро го познавам и верувам во него, секогаш кога моите деца ќе ме прашаат дали може да преспијат кај своите пријатели, одговорот е „не“.

Нема останување будни до доцна во ноќта

Цврсто верувам дека на моите деца им треба сон и не постои нешто што би ме натерало да верувам дека треба да останат будни до доцна во ноќта, па следниот ден да носат лоши одлуки. На децата им требаат цврсти правила со кои ќе растат, а не слобода за самите да ги создаваат своите распореди.

Исклучок кога им дозволувам да одат доцна во кревет се семејните одмори. Во сите други случаи, дури и за викендите, одењето во кревет во раумно време е приоритетно.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close