Градинка

Една мајка открива: Неколку работи кои би сакала да ги знаев додека децата ми беа мали

Една мајка на 4 деца своето искуство со родителството го споделила на својот блог.

Мајката и блогерка Кејт, некогаш била негувателка во градина, а денес има неуредна кујна и четири деца. На својата страница напишала како зборувала со пријателката чиешто прво дете требало да наполни една година. Велела дека е исцрпена и се прашувала зошто некој би бил толку луд за да има уште деца…

Кејт со насмевка ѝ одговорила дека никогаш немала само едно дее, па не знае за што зборува, но споделила и неколку совети за кои рекла дека би сакала да ги знаела додека децата ѝ биле многу мали. Ви ги прикажуваме во продолжение.

  • Книгите за родителството ги немаат сите одговори, како ни „експертите“ околу вас. Вие најдобро го познавате своето дете
  • Секогаш пред да ја ставите облеката на перење, добро проверете ги џебовите на вашите малечки.
  • Децата може да мочкаат на секакви (понекогаш и грозни) места. Девојчињата може да ги измочкаат своите нозе, се’ до стапалата, додека не ја совладаат техниката.

  • Има време… не залажувајте се мислејќи дека мора да брзате за да стигнете на време. Нема смисла, затоа што веќе никогаш никаде нема да стигнете точно на време.
  • Ако вие и вашите деца сте изглегле чисти од дома, сметајте го тоа за победа.
  • Ќе бидете уморни. Многу поуморни отколку што некогаш сте замислувале, но сепак, ќе успеете совршено да ги завршите домаќинските обврски. Да, тоа е неверојатно!

Оваа мама и блогерк ана крај вели дека сепак некои работи мораме да ги поминеме сами и да научиме од нив, а родителството е една од нив. Ќе бидете одлични родители. Ќе дадете се’ од себе, некогаш ќе чувствувате дека грешите, а на крајот од денот ќе се прашувате како сте успеале да постигнете се’… И тоа е во ред.

Децата не’ учат на големи животни работи

Децата се мали, а сепак големи суштества кои знаат да ни покажат големи животни лекции. Што можеме да научиме од нив?

  • Децата не’ учат дека минатото треба да го оставиме зад нас и дека не треба да ги обновуваме своите проблеми.
  • Децата не’ учат дека насмевката е најдобриот лек за да ги избришеме солзите.

  • Денес тие се среќни, не паметат зошто вчера изгубиле. Не се навраќаат на проблемите и секогаш се трудат да најдат нешто ново во денешницата.
  • Децата во многу случаи не се само деца, туку се наш вистински показател во животот.
  • Децата секогаш се расположени за игра, никогаш не осудуваат ниту обвинуваат.
  • Полни се со љубов и никогаш не ги кријат своите емоции.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close