Градинка

Играчка што го освои Балканот: Изгледа бесмислено, но децата ја обожаваат – еве како се игра правилно!

Оваа Pop it Fidget играчка всушност ја нарекуваат и антистрес игра која служи за смирување...

Сигурно многумина од вас се прашуваат за што служи оваа игра која навидум изгледа бесмислена, а може да се види речиси во рацете на секое дете.

Оваа Pop it Fidget играчка всушност ја нарекуваат и антистрес игра која служи за смирување.

Сепак, иако се чини бесмислено, се покажа дека оваа играчка може да се користи и за многу едукативни цели.

За оние кои незнаат ова се правилата на играта:

За оваа игра потребни се двајца играчи кои претходно ја играат познатата игра лист-камен- ножички. Победникот добива право да ја отвори играта на поп фиџет. Првиот играч притиска колку сака меурчиња – но само во еден ред или една колона. Тогаш другиот играч го прави истото – притиска колку меурчиња сака, по редоследот избран од противникот – ако има слободни меури. Така, тие одат во круг додека не остане само еден меур. Оној што ќе го притисне последен – губи.

Значи, иако се чини бесмислено на прв поглед, бидејќи повеќето не ги знаат правилата, па затоа главно само ги притискаат меурчињата, се покажа дека е добра стратешка игра.
Дури и ако не играте според овие правила, наставниците велат дека играчката може да се користи на уште неколку паметни начини.

Порталот за наставници, learnstarter.com, препорачува еден од следниве начини:

На пример, за ученици кои учат собирање, одземање, може да се вклучи оваа играчка на час по математика. Собирање со барање од учениците да соберат два броја и да го покажат резултатот со стискање на соодветниот број меурчиња на играчката.

Или како што советува овој портал, може да се користи за уште помали дечиња, да препознаваат броеви со тоа што учениците најпрво ќе свртат коцка, а потоа според бројот кој го добиле од коцката ќе стиснат и толку меурчиња.

Во градинка играта меморија може да се направи и со оваа играчка – треба да пронајдете неколку предмети што можат да се вклопат во меурчињата – мали камења, копчиња или нешто слично. Детето треба да погледне што е ставено во меурчињата, а потоа да ги затвори очите. Второто дете потоа отстранува еден од предметите, а првото дете треба да претпостави што недостасува.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close