Бебе

Истражување: Пеењето има силно влијание врз развојот на мозокот на бебето

Имате ли навика да му пеете на вашето малечко?

Сега мајките имаат истражување кое докажува дека пеењето има долготрајна корист за развојот на нивното бебе.

Една нова студија открила дека песните за заспивање не само што влијаат на мајката и на бебето, туку може да бидат од корист и за когнитивниот развој на детето. Ваквите песни го зголемуваат вниманието и покажуваат позитивни емоции.

За целта на оваа студија, истражувачкиот тим ги анализирал начините на кои мајките им пеат на своите бебиња, независно од целта: дали да го смират или да си играат со него. Мајките кои учествувале во студијата повеќе пати им ја пееле „Twinkle Twinkle Little Star“ на своите малечки, со весели и смирувачки тонови. Истражувачите ги следеле реакциите на возбудување на мајката и бебето, измерени преку спроводливост на кожата и однесувањето. „Кога сме под трес, се зголемуваат нивоата на возбуда, кога сме мирни, тие се смируваат.“

„Гледаме односи помеѓу ритмичките и јазичните способности, вниманието, развојот, слухот и социјалните интеракции“, вели коавторката на студијата, Џесика Грахн. Сепак. многу мајки и нема да се изненадат од овие откритија. Досегашните истражувања откриле дека пеењето може да има големо влијание на интеракцијата на бебето со родителите и светот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close