MAMA

3 најголеми стравови кои ги имав во втората бременост

Една мајка од Шпанија има нешто да им порача на мајките кои очекуваат второ бебе...

Мајката од Шпанија Лорен Ладиса, за време на втората бременост имала многу прашања на кои не успеала да најде одговор се’ додека не се породила. Еве што има таа да им порача на мајките кои го очекуваат своето второ дете.

Постојано се прашував дали второто дете ќе го сакам исто како и првото

Моето прво бебе за мене беше совршено и постојано се прашував како е возможно да се роди уште едно такво бебе. Не можев да замислам послатко и посовршено дете. Кога се подготвувавме да тргнеме за породување, плачев од страв дека ќе се роди бебе кое нема да го сакам.

Се плашев од љубомората на првото дете

Не можев да го замислам своето тригодишно дете како зрело го прифаќа малото бебе. Се подготвував, купував книги, фустанчиња и ѝ зборував дека тоа се подароци од помалата сестра. Ѝ давав уште веднаш да го држи бебето, заедно ги бањав штом порасна второто дете, а на поголемото девојче ѝ читав приказни за добра ноќ додека го доев бебето…

Мислев дека со две деца е потешко отколку со едно

Да, доаѓаат моменти кога е многу потешко со две деца. На пример, кога треба да им го организираш денот, а тие имаат целосно различни активности и тогаш сето тоа треба да го вклопиш во твоите и во обврските на мажот. Но, постојат и моменти кога е подобро да имаш 2 отколку 1 дете. Денес моето поголемо девојче ми помага околу помалото. Нивната заедничка игра ми дава малку слободно време за себе.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close