БебеГрадинка

Заштитете се од сонцето: 4 златни правила за излегување надвор со детето

Лето е, па треба да обрнете внимание на овие неколку работи.

Летото може да биде забавно, но истовремено и многу топло за да можете во секој дел од денот да излегувате со вашите деца. Затоа, ви издвојуваме некои работи кои треба да ги почитувате за да избегнете дополнителни проблеми кои може да бидат предизвикани од сонцето.

Одберете го вистинскиот дел од денот

Доколку имате деца кои едноставно мора да излезат надвор, или пак бебе кое би сакале да го повозите малку, важно е да го одберете вистинскиот период. Најдобро е наутро или навечер, кога има најмалку топлина. Секогаш се препорачува да бидете внимателни во периодот од 10 наутро до 4 часот попладне. Најдобро е тоа време да го искористите за ручек, дремка или некои домашни активности.

Заштита од сонце за целото семејство

Никогаш не пропуштајте употреба на заштитен фактор. Нанесете го заштитниот фактор 15 до 30 минути пред излегување на сонце. Се препорачува помалите бебиња од 6 месеци да се заштитат и со облека.

Не ја прикривајте количката за да се заштитите од сонцето

Експертите предупредуваат дека дури и најтенкиот материјал со кој родителите ја покриваат количката на бебето, може да доведе до нагло зголемување на температурата кај бебето. Експертите препорачуваат подобро да одберете делови кои се поврзани со количката, но кои не ја задржуваат топлината, но и да се трудите што повеќе да бидете на поладни места кога сте со бебето.

Бидете хирдрирани

Според советите на Светската здравствена организација, бебињата помлади од 6 месеци немаат потреба за вода, но, постарите деца би требало да ја пијат во доволни количини, особено во топлите летни денови. За да остане хидрирано, бебето може да бара мајчино или адаптирано млеко. Затоа, мајки, бидете сигурни дека и самите вие сте доволно хидрирани.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close