Бебе

Митови за спиењето на бебето во кои не треба да верувате

Речиси секоја мајка од сите страни слуша совети за своето бебе.

Првите неколку месеци по породувањето, се’ е насочено кон вашето бебе, а особено кон неговото спиење. Се трудите да му пружите мир и тишина за да може мирно да спие, па се грижите ако немирно спие навечер.

Најверојатно и вие имате слушано различни совети, но со текот на времето откривате дека многу од нив и не можат да ви помогнат. Ви откриваме кои совети се само митови и не треба да им верувате.

Никогаш не будете го бебето

Бидејќи на вашето бебе му е поважно редовно да јаде отколку да спие, никако не би требало ова да ви биде изговор за да го прескокнете обротко.

Во собата каде што спие бебето мора да биде апсолутна тишина

Иако на повеќето новороденчиња им е потребна тишина за да заспијат, се покажало дека на бебињата во текот на спиењето им одговараат некои звуци, како тивко струење или шушкање. Слични звуци слушало бебето додека е во вашиот стомак, па ќе му бидат познати и нема да му пречат.

Ако заспие подоцна, бебето нема да се разбуди рано наутро

Иако звучи логично, далеку е од вистината, дури напротив. За разлика од возрасните, кога бебињата ќе се уморат премногу, потешко ќе заспијат и во текот на ноќта ќе ви биде потешко повторно да ги заспиете.

Бебето треба да ја преспие ноќта

Овој мит е едноставно нереален. Пуштете го детето да спие кога му одговара и полека создавајте му рутина која му одговара. Исто така не мора повторно да го успивате кога ќе се разбуди навечер, туку дозволете му самиот да заспие.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close