Градинка

Наместо да им викате на децата, обидете се да ги користите овие две реченици

Никој не сака да му се вика, да биде посрамотен.

Одгледувањето на децата понекогаш знае да биде фрустрирачка работа. Дури и покрај сите слатки моменти, галење, смеа и чудесните детски умови, поминувањето низ различните фази на детето знае да биде доста комплицирано.

Ани Рено, мајка на три деца, ова го знае многу добро. Таа е во „родителска улога“ веќе добри 17 години и со сигурност вели дека родителството понекогаш знае да доведе до целосно лудило.

Но, не се децата криви поради тоа што некогаш ние знаеме да ги „изгубиме“ нервите, тоа едноставно е нивна природа.Иако можеби повеќето деца ќе се обидат да ги прават вистинските работи, сепак, не секогаш можат да ги направат горди своите рордители.

Две магични реченици

Секако дека најлесно е да го повишите гласнот и да викате на детето во тие моменти кога недолично се однесува. Но, оваа мајка вели дека постои начин кој ви го чува гласот и односот со детето. Првиот чекор е да запаметите дека лошото однесување е знак дека детето се мачи или се бори со нешто.

Вториот чекор е да се обидете да бидете на ниво на детето и да ги изговорите овие две реченици:

„Гледам дека се обидуваш да го дадеш најдоброто од себе. Како можам да ти помогнам?“

Овие две реченици, или нешто слично на нив, може да направат голема разлика, затоа што од детето барате да биде најдобрата верзија од себе, без да го посрамотите или понижувате.

Потсетете се дека во суштина детето е добро и дека сака да го направи најдоброто што може, а вие сте тука да му помогнете да го оствари тоа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close