Градинка

Во овие неколку работи ќе се препознаат само родителите кои имаат 3 деца

Тие знаат колку динамично и забавно може да им биде секојдневието!

Животот со три деца знае да биде хаотичен и стресен одвремен-навреме, но исто така е исполнет со среќа и љубов, па вашето семејство не би го менувале за ништо. Еве неколку ситуации во кои ќе се препознаат само родителите кои имаат три деца.

Средното дете има свој посебен стил

Неизбежно е. Вашето прво дете ја има таа привилегија и гордост се’ прво да испроба и да направи, а на вашето најмало му е најлесно. Средните деца затоа стануваат креативен гениј со својот посебен стил, за да се изборат за свое место во семејството.

Доживувате повеќе стрес отколку другите родители

Ова е научно докажано. Имате многу обврски околу секое дете и се трудите се’ да постигнете навреме. Така сте во постојана состојба кога се обидувате себеси да се уверите дека можете се’.

Имате караван или мини комбе или сонувате истото да го имате

Ако некогаш возите некој друг освен вашето семејство во автомобилот, ви требаат повеќе од 5 места за седење. А ако имате повеќе од едно дете кое треба да седи во детско седиште, ви треба дури и посебен автомобил.

Постојано размислувате каде исчезнуваат вашите пари

И се’ уште не можете да си дадете одговор…

Хотелските соби стануваат голем проблем

Четири личности во хотелска соба е совршен број. Пет луѓе значи ви треба соба со кауч кој се спушта, мора да платите помошен кревет или со себе да носите вреќа за спиење, па да ги оставите децата да се договорат самите кој ќе спие на подот. Секако, на крај некој од вас спие на подот.

Некој секогаш се чувствува изоставено

Со поголем број деца, секоја игра за двајца станува игра каде што некој треба да биде исклучен. Ваквите ситуации прават „меѓународна кризна ситуација“. Исто така, дали некогаш сте се обиделе да поделите колач на три дела? Многу е тешко!

Ретко уживате заедно во исти серии, филмови или емисии

Ако имате три деца од година дена разлика, филмските семејни вечери ќе ви станат ноќна мора. Вашето најмало сака по стоти пат да го гледа својот надраг цртан филм, вашето најстаро сака да гледа Игра на тронови, а вашето средно дете е заглавено во средина. На крај, обично гледате некој филм кој веќе сте го гледале сто пати, а единствено за тоа можете да се договорите. Ова важи и за друштвените игри.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close