Градинка

Детето ги грицка ноктите? Еве како да му помогнете да престане со оваа навика

Казнувањето или опоменувањето и немаат некоја голема смисла.

Казнувањето или опоменувањето поради гризењето нокти, немаат голема смисла. Причината за тоа е што ова е несвесна навика, а дополнителниот притисок може само да ја потенцира. Ниту мачкањето на ноктите со креми не е секогаш добра идеја, затоа што детето има чувство како да е казнувано.

Децата обично почнуваат да ги грицкаат ноктите затоа што им е досадно, поради однесувањето на нивните врсници, затоа што се возбудени, несигурни или чувствуваат потешкотии. Токму поради чувствата на потешкотија, грицкањето на ноктите може да премине во навика.

За да се ослободите од овој проблем, треба прво да ја утврдите причината зошто тоа воопшто се случува. Ако родителите знаат што би можело да биде причината за оваа навика, би било добро да се обидат да разговараат со детето во врска со тоа што ги мачи. Она што треба повторно да го напомениме е дека казнувањето или опоменувањето поради гризењето нокти немаат голема смисла.

Што можете да направите за да му помогнете на детето?

Она што родителите може да го направат е да водат сметка за чистотата на ноктите, редовно да ги сечат за детето да не дојде во искушение да ги грицка врвовите, па и да му го насочите вниманието на детето на нешто друго. На пример, понудете му некоја играчка, свртете му го вниманието на некоја омилена активност, како боење или цртање, а можете да му понудите и нешто за грицкање, како што е јаболко или некоја друга здрава ужинка.

Исто така важно е на детето да му обезбедите доволно игра на отворено, затоа што тоа ја ублажува нервозата и му овозможува да ја потроши вишокот енергија.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close