Градинка

Не судете ги веднаш! Што може да се крие зад детското лошо однесување?

Зошто децата понекогаш се однесуваат толку лошо?

Малите деца може да бидат многу незгодни со нивните испади на бес, но и со нивните барања. Но, не треба да судите веднаш, зашто не знате што може да скрие зад тоа лошо однесување…

На детето не му е добро, а не е свесно за тоа

Дури и кога децата се доволно големи за да ви кажат дека не се чувствуваат добро, понекогаш не сфаќаат дека се чувствуваат тажно затоа што се болни.

Ако детето не ви каже дека го боли увото или грлото, лесно можете да ги пропуштите тие знаци. Поради тоа тие честопати се мрзоволни, плачат, се разгалуваат….

Пружат отпор поради љубопитност

Како родители, честопати забораваме колку љуопитни може да бидат нашите малечки. Големиот свет за нив е огромно игралиште преполно со нови работи кои може да ги проучуваат, а дури кога ќе знаат дека не треба да шкртаат по ѕидовите, едноставно не можат да запрат.

Љубопитноста е голем дел од човековиот карактер и не смееме да ја потценуваме таа моќ.

Не се доволно наспиени

Ова е очигледно, но важно е ад го споменеме. Кога малите не се наспиваат доволно, може да станат сосема поинакви личности со кои не можете да се справите. Попладневна дремка би била во ред.

Можеби „имитираат“ начие однесување

Малите деца честопати ги копираат другите: родителите, браќата и сестрите, пријателите, па дури и ликовите од цртаните филмови. Затоа, кога детето ќе стане агресивно, непристојно или намерно лошо, причината честопати се крие во имитирањето на другите, затоа што децата мислат дека таквото однесување е забавно, кул и исправно.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close