Градинка

Овие 2 работи децата никогаш нема да им ги простат своите родители

Децата може да им се налутат на родителите.

Децата може да им се налутат на родителите и понекогаш да ветат дека никогаш нема да им простат и да заборават. Честоапти овие „слатки“ задевања не значат ништо. Но, постојат и други случаи, односно постапки на возрасните, кои на децата им нанесуваат длабоки емоционални рани.

Кога децата ќе пораснат, може ќе пронајдат разбирање и причини за сето тоа, но нема да простат. Овие две работи најчесто децата не им ги простуваат на родителите.

Прекршени ветувања

Ако не постои начин да се исполни ветувањето, тогаш подобро е и да не го давате. Ова е вистина која возрасните ни ја кажуваат уште од деца, зар не? И тоа му го повторуваат на детето, одново и одново, сакајќи детето да порасне во личност која ќе ги исполнува своите ветувања.

Меѓутоа, возрасните честопати сами ги кршат своите ветувања, истовремено наоѓајќи изговор – не можев, некои трети причини ме спречија… Родителите секогаш имаат толку многу проблеми, што не можат да стигнат на време на сите страни.

Децата знаат да веруваат во ветувањата, па не е добро секојдневно да трпат разочарување зошто тоа ветување не било исполнето. Честопати и никогаш не забораваат.

Непочитување

Многу родители се држат до тоа дека децата се мали и ќе заборават на се’. Но, кревката, нежна и весела детска душа сака да ја пофалите за нешто мало, а вие мислите дека тоа не е ништо посебно и им го кажувате тоа, не знаејќи дека на тој начин го повредувате детето.

На пример, девојчето сака сама да направи фустанче за куклата. Родителите велат дека тоа е губење време, дека треба да се посвети на нешто покорисно. Во почетокот тоа се фустанчиња кои се кинат, но со текот на времето ќе стануваат подобри и поубави. Како возрасна личност, таа девојка може да направи голема кариера во светот на дизајнирањето, но секогаш носи еден лош спомен – нејзините родители никогаш не веруваа во неа…

Внимавајте што им ветувате на децата. Внимавајте што зборувате за нивните страсти и нивното хоби. Постојат големи шанси некои реченици никогаш да не ви ги заборават.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close