MAMA

Реченици кои сопругот не треба да ѝ ги каже на сопругата по породувањето

Овие 5 работи никогаш не кажувајте ѝ ги на вашата сопруга откако ќе се породи.

Еден горд татко на три деца, кога прв пат станал татко, на 24 години, признава дека тогаш не знаел што прави. Бил млад, збунет и исплашен, па на својата сопруга ѝ рекол некои реченици кои денес смета дека се глупави.

Тој признава дека овие 5 реченици никако не смеете да ги изговорите по породувањето.

Што рече докторот, кога повторно ќе можеме да имаме односи?

Кутриот ти. Твојта жена само што роди дете од три килограми, но ти не можеш да си ги контролираш желбите. Твоајта жена 9 месеци го носеше твоето дете, имала операција за живо суштество да биде извадено од неа, зар навистина мислиш дека токму сега ѝ се потребни твоите прашања околу сексот? Дозволи му на нејзиното тело да одмори, и тоа како заслужило!

Кога повторно ќе почнеме да вежбаме?

Со ова прашање може да ја повредиш сопругата, затоа што може да изгледа дека мислиш со таквото тело не ти се допаѓа. И двајцата се прилагодувате на новото бебе, но твојата сопруга се прилагодува и на новото бебе и на новото тело.

Уморен сум

Да се има бебе е исцрпувачки и за двата родитела. Но, ако ѝ кажете на вашата сопруга дека сте уморни, таа ќе чувствува дека треба да направи нешто за да ви помогне да се одморите. Но, тоа сега не е нејзина работа. Може да побарате емоционална поддршка, но таа нема енергија да ве теши постојано затоа што се чувствувате уморни. Затоа, потрудете се да се жалите што е можно поретко.

Хм, морам ли јас да ја променам пелената?

Да, мораш. Ти си татко. Ова е партнерство. Ова е нова доба.Рамноправниот маж може да ја промени пелената и да се чувствува добро поради тоа. Бидете од помош на своето семејство. Престанете да бидете мрзлив и да се однесувате дека тоа не е ваша обврска.

Сега си на породилно, тоа е како продолжен годишен одмор

Не, не е! Тоа е време на заздравување. Време кога вашата жена заздравува, додека си доаѓа на себе и се поврзува со бебето. Би требало да добие колку време и да ѝ е потребно. Она што треба да го кажете е: Барем и јас да можев да добијам отсуство и да се грижам за тебе и за моето дете. За да поминам повеќе време со вас.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close