Градинка

Зошто постарите деца не би требало да ги чуваат своите помали браќа и/или сестри?

Оваа навика би можела да донесе некои негативни последици...

Кога постарото дете ќе стане доволно зрело и одговорно, повеќето родители им ги даваат малите деца, со цел да ги чуваат додека тие извршуваат одредени работи во домот. Иако фактот што оваа навика им дава повеќе слободно време на родителите е во ред, сепак, постојат и некои негативни аспекти кои ви ги прикажуваме во продолжение.

Им давате премногу одговорност

Секако, преземањето некои одговорности не им штетат на децата, но, постои голема разлика помеѓу тоа вашето повозрасно дете повремено да внимава повремено на својот помал брат или сестра, или тоа да го прави постојано додека вие излегувате и одите на работа.

Тие немаат доволно знаење и искуство

Постарите деца понекогаш се одличен бесплатен извор на помош во вашиот дом, особено ако родителите ви се на далечина. Но, исто така треба да имате предвид дека тие не се професионалци и дека од нив не можете да очекувате целосна грижа. Тие се само деа и честопати не знаат како да се снајдат со некои работи кои ги прави вашето малечко.

Го жртвувате нивното слободно време за игра и дружење

Децата кои имаат помал брат или сестра, понекогаш може и да немаат доволно слободно време за себе. Секогаш им помагаат на домашните, а честопати родителите несвесно ги тераат децата да се откажат од своите вообичаени активности затоа што ним во домот им треба помош.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close