Градинка

Дозволете му на детето бесот да го исфрли преку солзите

Не обидувајте се да го прекинете детето со викање.

Дете кое вика на подот од продавницата, се дере пред базенот или не сака да стане од подот во автобусот… Речиси сите сме доживеале ваква или слична ситуација. И оние кои помислиле дека тие деца се невоспитани, брзо сфатиле дека грешат во моментот кога и самите го имале истото искуство.

Изливите на бес се почести кај малите деца, дури и се важен дел од емоционалното и психичко здравје на детето. Малите деца не знаат да се справат со емоциите, па тоа вообичаено завршува во телесна борба со родителите.

Инстинктивната реакција на секој родител е да го замолчи детето, но, експертите велат дека потребно е да се направи сосема спротивното. Во секој случај подобро е детето да ги изнесе негативните емоции, наместо да ги држи во себе. Иако родителите не можат лесно да го разберат тоа, ниту пак да бидат толку толерантни, на детето му требаат тие тандтруми за да се ослободи од стрес, негаитвните емоции и потоа да продолжи со вообичаените активности.

Педијатарот Џована Армано вели дека нападите на бес кај малите деца може да настанат од различни причини: ако не може да ги состави коцките како што замислило или пак мајката инсистира детето да ја изеде баш таа кашичка, да ги собере играчките или да ја облече другата блуза. Но, истакнува таа, ослободувањето од стресот преку плачење е сосема во ред.

Човечките солзи содржат кортизол, хормон на стрес, и кога детето плаче тогаш го отрфрлува стресот од телото. По плачењето следи и тешење од најблиските, што за детето е особено важно, а по изливот на бес, детето обично е во подобро расположение.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close