Градинка

Како да направите детето да се чувствува сакано?

Во денешно време, тешко е да пронајдеме време за целосно опуштање со семејството.

Секој родител го сака своето дете безуслновно. Но, многумина од нив се презафатени и тешко може да најдат време за своето дете и да му покажат колку го сакаат. Но, некои едноставно работи можете да ги вклучите во своајта дневна рутина а со нив ќе му покажете на вашето дете го сакате.

Поминете квалитетно време со секое дете

Ова се однесува на родителите кои имаат повеќе од едно дете. Важно е да поминете квалитетно време со секое дете посебно, дури и ако се работи за 15 минути дневно. Тие 15 минути на детето ќе му значат многу. Бидете специфични, за вашето дете да сфати дека тоа време е само за него.

Одредете граници

Можеби ова ви звучи чудно, но куќните правила и границите му помагаат на детето да се чувствува сигурно и утешено, дури и тогаш кога ќе се жали дека прерано мора да оди на спиење. Важно е да се има некој систем на правила за сите да знаат што се очекува од нив.

Играјте си со детето

Од боење до моделирање, вашето дете уште повеќе ќе ужива во своите активности ако се придружите и вие. Играта со детето ви помага повеќе да се поврзете, но и да му потврдите на вашето дете дека го сакате.

Не прекинувајте го детето

Понекогаш децата зборуваат многу. МНОГУ. Но, дури и ако вашето дете по стоти пат го постави истото прашање – важно е да не го прекинувате. Внимателното слушање е многу важно за детето.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close