Градинка

НЕВЕРОЈАТНО: Шумските градинки во Финска го зајакнаа имунитетот на децата

Децата пет пати во неделата треба да бидат во природа

Иако секоја мајка кога ќе го види своето дете извалкано веднаш вели дека не е убаво да се валка.

 

 

Многумина не дозволуваат детето да си игра со кал, да седи на трева, да игра со шумски отпадоци но според последните истражувања, научникот Марја Рослунд од Универзитетот во Хелсинки тврди дека цревната флора кај децата што играат на зелено е слична на онаа кај децата кои секојдневно ја посетуваат шумата.

 

 

„Најдобро би било децата да играат во баричките и да копаат околу земјата“, рече екологистот Аки Синконен од Универзитетот во Хелсинки, додавајќи дека децата треба да бидат во природа пет пати неделно за да го подобрат имунитетот.

 

foto Novini.bg

 

Преку експеримент кој е првиот што покажа дека со директно менување на урбаната средина на детето, може да се промени неговата цревна флора, а со тоа и неговиот имунитет, и тоа само за еден месец.

 

foto Novite roditeli.bg

 

Наместо класичното играње на децата на асфалтирани или чакалски игралишта, тие решиле на децата да им дадат нов предизвик, малку поразличен од вообичаено.

Имено вработените во градинските направиле тревници и засадиле шумски растенија како што се хедер и боровинки.

 

фото МТД Градина

 

Тие им дозволиле на децата  да се грижат за растенијата во жардиниери, и се покажало дека разновидноста на микробиомот во цревата и кожата на децата брзо стана поздрава и децата од зелените градинки покажаа зголемување на бројот на Т-клетки во крвта и други важни фактори на имунолошкиот систем во рок од 28 дена.

 

фото факултети.мк

 

Децата кои играле надвор, на земја, на трева и меѓу дрвја, зголемувањето на бројот на микроби наречени гамапротеобактерии доведе до посилен имунитет како и зголемување на концентрацијата на имуните клетки во крвта и намалување на интерлеукинот-17А автоимуни болести и алергии.

 

foto www.nwitimes.com

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close