Градинка

Важни лекции на кои можете да го научите вашето дете: Материјалното не е важно!

Не можеме да бидеме присутни секаде со нашите деца, но можеме да ги научиме на важни животни лекции.

Родителството е работа која бара секојдневно водење сметка за различни ситиници, од грижа за оброци, облека, обувки, до ментално, емоционално и физичко здравје на детето.

Не постои магична формула за совршено родителство, туку тоа е работа која се учи низ текот на животот, најчесто преку методи на обидување и грешки. Дури откако ќе станете родители, ќе ја сфатите тежината и улогата која ја носите на својот грб.

Родителите имаат главна улога во растењето на нивните деца, а некои од следниве мудрости сигурно ќе ви бидат од корист при воспитувањето на вашите малечки.

Лекција 1: Бидете љубопитни

Разбудете го креативниот дух во вашите деца. Наместо да купувате сложувалки, обидете се да си ги направите самите. Правете играчки од дрво, материјал и слично. Овие вештини и насочувања на вашите деца ќе им бидат од голема корист во понатамошниот живот.

Лекција 2: Материјалното не е важно

Ако во животот работите само поради пари, работите погрешно. Убаво е да се има добар звтомобил и голема куќа, но луѓето кои те опкружуваат, она што го чувствуваш, твоето здравје… сето тоа е многу поважно.

Лекција 3: Како ќе си постелиш, така и ќе си легнеш

Самите одредуваме како ќе изгледа нашиот живот. Некои одлуки може да бидат пресудни за одредени работи во животот. Ништо нема да ви падне од небото. Научете ги вашите деца дека ако вложат труд, работа и волја – ќе го добијат посакуваното.

Лекција 4: Работи сега, за подоцна да ти биде полесно

Можеби излегувањето со пријателите ќе им биде позабавно отколку учењето за испит, но одложувањето на работите носи само дополнителен стрес. Не жртвувајте го она што е трајно, за она што е привремено.

Лекција 5: Некои работи мора самите да ги сфатите

Понекогаш мора да им дозволите на децата и да паднат и да се разочарат, за да сфатат дека самите мора да се изборат и дека самите се одговорни за својата иднина.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close