MAMA

Неколку добри причини зошто би требало да имате уште едно дете

Децата се вистинско богатство.

Работите во животот не се онакви какви што секогаш планираме. Понекогаш замислуваме дека ќе имаме само едно дете, други замислуваат дека ќе бидат големо семејство, а трети пак и не размислуваат за тоа. Како и да е, родителството е тешка, но и најубава улога во животот.

Дури откако ќе станете родители можете да сфатите некои работи кои претходно само сте ги размислувале и анализирале. Одлуката за дали ќе родите уште едно дете или не, секако зависи од вас самите, но, постојат неколку причини кои може да ве натерат да размислите да имате барем уште едно дете.

Веќе знаете се’ и запознаени сте со многу ситуации

Поминавте многу ситуации со мало бебе, први чекори, дохрана и сите други фази кои ги поминува детето во развојот. За наредно дете веќе ќе бидете искусни и ќе знаете во кој период што да очекувате од вашето малечко, нема прв пат да се соочувате со многу работи и нема да се грижите и паничите толку многу околу секоја нова промена.

Бебето ќе те потсети на сите моменти кои сте ги поминале со првото бебе

Децата може да ви поттикат многу прашања: Кој сум јас, кои се моите желби, амбиции, како се однесувам како родител, дали треба да бидам подобра личност, кои карактеристики треба да ги променам кај мене…. и уште мал милион други прашања.

Второто дете ќе ве потсети на многу клучни моменти кои сте ги поминале со вашето прво малечко, како сте се однесувале, како сте се надоградувале како личност…

Ќе се надоградите како личност

Гледајќи ги децата како раснат заедно, како се тепаат, па потоа се сакаат, како треба да им бидете „судија“, како треба да ги насочувате во животот… ќе се надоградувате и самите и ќе учите многу нови животни лекции. Ќе научите многу нови аспекти од вашата личност, кои можеби никогаш не би ги откриле ако не сте имале второ, трето, четврто дете…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close