Градинка

Пофалби кои ја развиваат здравата самодоверба кај детето

Родителите имаат клучна улога во самодовербата на детето.

Детето мора да биде свесно за себе и своите успеси, но пофалете го на вистинскиот начин, затоа што претераните пофалби може да бидат контрапродуктивни и да доведат до тоа детето да создаде целосно нереална слика за себе, но и општо за животот.

Браво, одлично го направи тоа!

Откако детето ќе добие петка во училиште, медал на некој натпревар или слично, родителите тешко го сокриваат воодушевувањето, па неретко претеруваат со пофалби. Наместо да претерувате и да му повторувате на детето дека е фантастично, паметно и слично, насочете се кон конкретната работа за која го пофалувате, односно, дајте му комплимент за направеното: Браво, одлично го направи ова!

Навистина даде се’ од себе

Ти си најдобар, најпаметен, најубав… ова се примери за претерани комплименти, кои не се добри, без разлика дали зборувате за дете кое е несигурно или премногу сигурно во себе. Тоа на детето може да му звучи како „вредам ако ги исполнам очекувањата“. Подобро е да го пофалите самиот процес и да му кажете на детето дека гледате дека многу се труди.

Треба да бидеш горд/а на себе

Постои разлика во тоа некому да кажете дека завршил добра работа или да му кажете дека гениј. Првото поттикнува на самодоверба и не му создава лажна слика за себе, туку го поттикнува да се труди, без оглед на тоа што резултатот од тој труд не зависи само од него.

Ценете ги и малите чекори кои водат кон остварување на целите

Забележете го секој напредок кон конечната цел, затоа што на детето ќе му биде важно што го цените и самиот процес, а не исклучиво конечниот резултат. Тоа ќе му го одржува ентузијазмот на детето и ќе сака да продолжи понатаму.

Пофалете ја послушноста и почитта на детето

Лесно е да западнете во ситуација каде што ќе го забележите само лошото однесување на детето. Наместо да очекувате непослушност и непочитување, потрудете се да го забележите она што децата добро го извршуваат.

Пофалете ги и нивните пријатели

Детето ќе биде задоволно ако искажете доверба во неговиот избор на пријатели и луѓе со кои го поминува слободното време. Не срамете се да ги истакнете и приајтелите за кои мислите дека позитивно влијаат на вашето дете. Секако, мора да бидете искрени и навистина да го мислите тоа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close