Градинка

Играјте си со своите деца, тоа нуди многу предности за нив, но и за вас

Одвојте време и целосно посветете им се на вашите најмили.

Ритамот кој станува навистина напорен (спремање на детето за градинка, носење на градинка, одење на работа, работење, враќање назад по детето, купување, готвење, чистење, перење…) честопати влијае на квалитетот на заедничкото време кое родителите го поминуваат со своите деца.

Родителите се исцрпени, но и детето е уморно, па на крај од денот родителите тешко во себе пронаоѓаат енергија и радост за игра со децата. Некои денови пак родителите излегуваат на прошетка, во парк детето наоѓа негови врсници и си игра, додека родителите разговараат за заеднички теми. И ова е сосема во ред, но не би требало сите денови да изгледаат вака.

Играта на родителите со децата има голема смисла и интересно е тоа што е важна за квалитетен развој. Играјќи се со вашето дете како и самите вие да сте деца (без јасни наредби како треба да направи и што трба да направи), го учите детето како функционираат односите, како се решаваат конфликти, односно, како да дојде до различни решенија за некој проблем, како да биде креативен, опуштен, весел и радосен по напорниот ден. А ова се многу важни животни лекции!

Иако е драгоцено и времето кога вашето дете ќе ви помага околу домаќинските работи, па заедно ќе се забавувате и ќе чистите или ќе го средувате домот, сепак, тоа не е се’. Кога детето е вклучено во домаќинските работи, тоа сфаќа дека е вклучено во нешто што инаку го прави родителот.

Кога родителот пак ќе се вклучи во детската игра, дури тогаш започнува вистинската игра.

Бидете посветени на вашите деца и поминувајте повеќе време заедно. Вклучете ги во вашите активности, но исто така и вие бидете им „гостин“ во нивниот мал дом. Бенефитите се огромни!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close