Градинка

Најубавите подароци за вашето дете кои веруваме дека ќе ги памети целиот свој живот

Не е се' во материјалните работи...

Сигурно и вие во време на празниците размислувате што да му подарите на вашето дете. Иако сте склони кон остварување на нивните желби упатени кон Дедо Мраз, добро е да ги прочитате и овие совети со кои веруваме дека нема да згрешите.

Подарете му на вашето дете братче или сестричка

Доколку сте во можнсот да родите дете, тоа би било најубавиот подарок за вашето постаро дете. Нема поубаво нешто од тоа да има со кој да ги сподели работите, некој кој ќе го разбере во понатамошниот живот, на кој ќе може да се потпре, некој со кој ќе плаче, ќе се кара, ќе се радува… Без оглед на тоа дали има братучеди, сепак, родените брат или сестра се нешто посебно!

Секојдневно подарувајте му љубов

Љубовта не е само реченица: Мама и тато те сакаат најмногу на свет! Љубовта е да ја занемарите лошата оценка на училиште, љубовта е заедно да го превиткате удреното колено, да им го зготвите омиленото јадење иако знаете дека не е сосема здраво…

Подарете му на вашето дете моменти без караници

Бројте до 10 пред да почнете да му викате на партнерот зошто нешто направил или нешто не направил. Вашето дете не мора да ги знае сите ваши караници. Кога се карате, неговото/нејзиното срце крвари повеќе отколку што можете да претпсотавите.

Подарете му на вашето дете денови без мобилен, компјутер, телевизор

Намерно изгаснете ја електричната енергија, запалете свеќи и правете сенки на ѕидовите. Дозовлете му на своето дете да ви кажува приказна за добра ноќ (така ќе знаете на кој начин размислува). Предложете му надвор да ги играте неговите омилени игри, а потоа уживајте во скокањето, смеата и трчањето. Дозволете си себеси повторно да го спознаете своето дете. Пред се’, на децата им се потребни мајка и татко.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close