Градинка

Постпородилната депресија може да биде фатална за жената

Обрнете внимание на овие симптоми, многу се важни.

Веројатно мислевте дека откако ќе се породите тоа ќе ви биде најуабвиот период од животот, но, од моментот на породување, вие се чувствувате лошо. Породувањето доведува до многу моќни емоции, од возбуда и радост, до страв и анксиозност, а мешањето на овие разни чувства може да доведе до депресија.

Кај околу 10% од мајките, почнетните симптоми се безначајни, а потоа се’ повеќе се влошуваат, што влијае на квалитетот на секојдневниот живот. Во тој случај, треба што побргу да се побара помош од стручно лице, за времето на заздравување да трае пократко.

Зошто доаѓа до постпородилна депресија?

Причините за депресија по породувањето се физичките промени, емотивната нестабилност и животние проблеми. Не постои само една причина зошто доаѓа до постпородилна депресија. Најчести се физичките промени, поради драстичниот пад на естрогенот и прогестеронот.

Исто така, промените на крвниот притисок и имунитетот доведуваат до промена на расположението.

Емотивно чувствувате дека сте изгубиле контрола над својот живот и ќе бидете во дилема дали воопшто можете да се грижите за бебето. Исто така многу животни проблеми може да придонесат за поајва на депресија, грижа за другото дете, потешкотии со доењето, финансиски проблеми, помалку поддршка од партнерот и семејството…

Како да се познаат симптомите на депресијата?

Најчестите симптоми на постпородилната депресија се:

  • плачливи сте и тажни
  • тешко се сконцентрирате
  • имате намален или зголемен апетит
  • имате проблеми со спиењето

  • анксиозни сте
  • постојано го менувате расположението
  • се повлекувате понастрана од пријателите и роднините
  • постојано имате чувство на вина

Многу често некои се во паничен страв дека не можат да водат сметка за бебето или дека ќе го повредат. Исто така постојано имаат негативни мисли.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close