Градинка

Нека детето се чувствува сакано

Подарувајте му ги на вашето дете секојдневно овие неколку знаци ...

Детето е радост и благослов на родителите, но многумина тоа го забораваат од премногу грижи и поради недостиг на време.

Но тоа време бргу поминува, а децата многу брзо растат. Подарувајте му ги на вашето дете секојдневно овие неколку знаци на внимание за тоа да се чувствува многу посреќно, посакувано, полно со љубов и посигурно. Можеби некои од нас немале родителска љубов која толку многу ни требаше додека бевме мали, но денес сме родители и можеме многу тоа да промениме. Станете и вие најдобри родители на своето дете така што ќе ги преминувате следниве неколку совети. Ветете си самите на себе дека ќе го направите тоа.

Легни и покриј се со неговото ќебенце во креветот, гали го, пејте му песничка за спиење или раскажете му некоја приказна.
Цени го она што детето го прави за тебе
Покажи му колку ти недостигало тој ден и колку се среќна што го гледаш
Прашај го детето за совет и слушај го внимателно
Направи му го неговото омилено јадење

Гледајте заедно цртани филмови
Играјте се заедно
Прашајте го како му поминал денот
Покажете му колку го сакате
Тргни му ја тагата и подари му радост
Дозволи му да донесе сопствена одлука
Дисциплинирај го со љубов
Подари му одвреме-навреме некое мало изненадување
Гушкај го и бакнувај го секој ден
Кажи му колку си горда на него

Бакнувај го и гушкај го секој ден
Кажи му колку е прекрасен, силен, паметен, храбар, убав, така ќе му ја изградиш самодовербата.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close