Градинка

Што значи „мрзливо родителство“ и зошто би требало да го испробате?

Зошто овој вид родителство е рецепт за среќно семејство?

Во последно време многу се зборува за родителскиот стил, познат како „мрзливо родителство“, а се рекламира како противотров на „хеликоптер родителите“. ако можеби името ве тера да мислите на нешто сосема друго, сепак мрзливото родителство е се’ само не мрзливо.

Целта е да му дозволите на детето да открие колку е способно

Мрзливото родителство значи намерно да му овозможите на вашето дете прилики во кои ќе се развива, што ќе резултира со самопочитување, самостојност и одговорност. Се работи за тоа родителите свесно да им отстапат време на детето и да му дозволат самото да се носи со одредени работи, наместо тие да трчаат и да го коригираат детето.

Всушност, целта е да му се дозволи на детето да открие колку е способно. А децата се повеќе од способни!

Овој пристап на родителство може да има повеќе големи предности за децата. Кога родителите прерано интервенираат кога задачата се чини претешка или кога не им дозволуваат на децата да учествуваат во одредени ситуации, всушност децата не добиваат прилика да го научат она што се способни да го научат.

Притоа, зависно од возраста на децата, тие може да почнат да веруваат дека се неспособни, секако, ако родителите постојано скокаат и трчаат да им помагаат. Тогаш кај децата се јавува следнава мисла: Мора да е така затоа што мама и тато знаат дека јас тоа не можам да го направам.

Ова исто така придонесува за одредени потешкотии кај децата и тие почнуваат да се повлекуваат во себе, притоа не сакајќи да излезат надвор од својот свет, онаму каде што мама и тато не се присутни за постојано да им помагаат.

Ако родителите продолжат да се грижат за секој предизвик кој го добива детето, тоа исто така губи прилика за развивање на одредени основни животни вештини, што е се’ почест пример кај денешниве тинејџери.

Постојат многу деца кои во своите тинејџерски години, па и понатаму, не знаат да се организираат или да управуваат со своето време. Паметни се и интелигентни, но едноставно никогаш не им е дадено прилика во детството за да ги научат основните функционални вештини, па поради тоа се борат со секојдневните предизвици.

Мрзливото родителство изгледа различно, во зависност од годините на детето, но еве ви неколку едноставни насоки:

Создадете „слободен простор“ во вашиот дом

Пронајдете место во својот дом каде што вашето дете слободно ќе може да истражува буквално се’. Тоа може да биде цела соба или пак барем дел од соба. Исполнете го тој простор со предмети прилагодени на неговата возраст, всушност предмети кои не бараат ваше постоено набљудување заради нивна сигурност. Па, пуштете го детето само да истражува!

Во зависност од возраста на детето, можеби ќе мора да бидете и физички присутни во просторијата, но целта е вие да не учествувате на кој било начин во играта. Без мешање, помагање или ограничување. Не мора да се грижите затоа што ќе знаете дека детето е сигурно.

И обидете се да одолеете на искушението да се вклучите во нешто ако забележите дека детето се мачи со нешто, без разлика дали е во прашање играчка која не може да ја дофати или перницата преку која не може да помине.

Прифатете ги природните последици

Давањето одговорност на детето вклучува и прифаќање на фактот дека ќе има и моменти кога детето нема да знае што треба да направи. Мрзливото родителство го прифаќа и овој факт. Се смета дека децата би требало да знаат природни последици од нивните одлуки.

На пример, според мрзливото родителство, родителите му објаснуваат на детето уште на почетокот кои се неговите обврски и притоа го оставаат сам да ја сработи домашната, да се облече, да се подготви. Кога детето ќе ја следи својата рутина и кога ќе запамети се’ добро, ќе се чувствува посамоуверено и погордо поради своите способности.

Дури и ако не го присвоите овој родителски стил во целост, сепак, понекогаш би можеле да го примените, со цел да имате корист и вие и вашето дете. Ќе се изненадите колку децата се способни и колку работи можат да си сносат на себе!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close