Градинка

Комплицирана и врши притисок – дознајте каков родител е Девицата!

Кај Девиците се' мора да биде совршено!

Веќе ни е познато дека Девицата е голем перфекционист, зар не? Истото се случува и кога ќе се најде во улога на родител. Девицата-родител е доста комплицирана и кај неа сите работи мора да бидат совршени.

Најчесто за мајката-Девица, детето треба да не греши, да бид енајдобро во се’, да носи најдобри резултати од училиште и секогаш да биде вреднувано, наградувано и полно со пофалби. Доколку дојде во ситуација да не се согласува во нешто со нејзиното дете, Девицата едноставно ќе се сврти и ќе си замине, прашувајќи се зошто детето не е онакво какво што таа го замислила во својата глава и какво што се трудила да го направи.

Секако, знаеме дека секое дете е уникатно на свој начин. Не треба да се трудиме да ги направиме децата она што не се, ниту пак да ги тераме да одат по патеката која ние не сме успеале да ја освоиме. Доколку и вие сте родител роден во овој хороскопски знак, тогаш внимавајте на овие свои карактеристики зашто не носат ништо добро. Најчесто Девиците имаат навика да ги тераат децата да учат некои работи, ги притискаат да станат нешто што не сакаат или немаат тенденција.

Запаметете дека секој живее во свој свет. Сите луѓе сме различни и имаме свој живот. Никој не може да знае како се чувствуваме во одреден момент или кои се нашите потреби и желби. Затоа, ваше е да дадете совет и да го пренасочите детето на прав пат, но не смеете да претерувате и да настојувате да направите „совршенство“ од вашето дете.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close