Градинка

Предлог активности за подобро поврзување со вашето дете

Поврзете со своите деца со помош на овие активности.

Клучен аспект на позитивното одгледување на децата, е поврзувањето со нив, кое може да се постигне со допири, смеа, слушање, делење време и искуство, но и со заедничка игра. Истражувањето покажало дека ако детето има стабилен однос барем со еден родител, дека подоцна во животот ќе ужива во плодовте од тоа.

Во продолжение погледнете некои предлог активности кои ќе ви помогнат подобро да се поврзете со вашето дете.

1. Седнете на подот со вашите деца и играјте си она што тие ќе го бараат од вас, барем 10 минути секој ден. Следете ги.

2. Започнете го денот позитивно. Прегрнете ги децата и кажете им колку ги сакате.

3. Дозовлете им на вашите деца барем 10 минути пред спиењето да ви раскажат како си го поминале денот, што им се случувало, кои работи биле позитивни, а кои негативни.

4. Слушајте музика со децата, пејте им или дозволете им тие да ви пеат, а вие слушајте ги.

5. Излезете надвор со детето, барем 10 минути секој ден.

6. Секогаш седнувајте заедно на вечера и имајте пријателски разговори.

7. Читајте заедно и дозволете им да лежат во вашата прегратка и да ги слушаат вашите приказни.

8. Дајте им на децата задачи со кои ќе се чувствуваат дека помагаат во домаќинските работи. На пример, делење чинии, бришење маса…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close