Градинка

Трикови кои ќе ви помогнат на детето полесно да му дадете сирупче

Како да ви биде полесно давањето лек?

Сигурно на вашето дете му имате давано лекови. Можеби ви било лесно, а можеби и не. Голема е шансата со сирупчињата да имате маки, затоа што тие имаат чуден вкус, чудна боја и не им се пријатни.

Вистинска мака е кога болното дете со температура одбива да земе лек. Ништо не сака, не прифаќа ни различни игри кои ги измислувате, а на крај завршувате така што на сила му го давате лекот, додека тоа се бори со вас.

Секако секогаш следете ги упатите кои стојат во пакувањето на сирупот во врска со дозирањето и начинот на земање. А потоа послужете се со овие неколку трикови од родителите.

Помешајте го лекот со нешто друго

Ова сите прво го пробуваат, затоа што децата во принцип не го сакаат тој горк вкус. Може да функционира шеќер, мед, сок, чај, јогурт, пудинг, млеко, но секако, прво посоветувајте се со лекарот за секој поединечен лек.

Сменете му го изгледот на лекот

Наместо да го мешате лекот пред децата, променете му го изгледот. На една мајка ѝ успеало да му даде на детето лек така што едноставно го тргнала од оригиналната кутија и го ставила во чаша јогурт.

Дозолете му самите да си го земат лекот

Понекогаш децата сакаат да ги имаат работите под своја контрола. Кога сте упорни и вршите притисок, детето можеби нема да сака да соработува. Обидете се да му го ставите лекот во шприц, кажете му дека тоа е посебен сок и дајте му само да го испие.

Мито и корупција

Можеби тоа не е ваша пракса, но ако не оди поинаку, тогаш мала награда може да направи чуда за вас. Обидете се да му ветите на детето колач, чоколадо, бонбони, палачинки… може да бидат одличен мотиватор, а вие ќе поминете без дополнителни стресови и борба.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close