Градинка

Фотографија која покажува колку малку им е потребно на децата за среќа

На децата не им требаат скапоцени работи за да бидат среќни.

Еден мал гест од родителите ги развесели малите и ги потсети родителите што е навистина важно.

Оваа фотографија која се појави на социјалните мрежи ги воодушеви луѓето ширум светот. Ја поставила мајка со објаснување затоа што никогаш не сака да го заборави тој момент.

„Ние сме четиричлено семејство и живееме во еднособен стан веќе три години. Тоа е можно затоа што моите две деца имаат две и четири години. Но, во полседно време моето четиригодишно дете црташе своја соба и постојано не’ испрашувале кога ќе може да добие своја соба. Нажалост, сопругот само што заврши факултет и беше со минимална плата па не’ издржуваше сите нас, па не е лесно да се преселиме затоа што преселбите се скапи.

Близок пријател ни даде стар кревет од своето дете и направивме „соба“ за синот. Беше неверојатно среќен и ни заблагодаруваше за прекрасната соба. Ни рече дека ќе ги повика пријателите во својата соба и планираше како да ја уреди. Во тој момент се чувствував благословено, но и зарамено. Секогаш се жалев и го споредував својот живот со другите на кои им одеше подобро и никогаш не бев благодарна на она што го имам во животот. “

На децата не им требаат скапи подароци за да бидат среќни. Ова мало детенце е вистински пример како можеме да бидеме благодарни на едноставните работи во животот. И притоа да ги научиме и родителите на неколку работи: една од нив е дека треба да бидат благодарни на прекрасните деца кои се до нив!

His Own Room

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close