Бебе

Имате проблем да го натерате бебето да јаде? Ова видео може да ви помогне во тоа!

Добредојдовте во „домашниот бар за бебе“.

Веќе се навикнавме на баровите во кои се служат коктели, жестоки пијалаци и слично. Но, што ако ви кажеме дека истото доживување можете да му го приредите и на своето дете и тоа во сопствената куќа?

Можеби би помислиле дека ова е некоја шега, но еден татко го направи токму тоа – го услужи своето дете во домашниот бебе-бар.

Дали можеби во текот на пандемијата си ја засакал својата работа или едноставно сакал да го воодушеви своето дете, секако успеа да насмее многумина на социјалните мрежи.

Видеото брзо стана вирално, а на него се гледа како таткото на професионален начин му „сервира“ млеко на бебето, како да е во прашање некој коктел. Детето со воодушевување го следи секој чекор на татко му. Како после сето тоа да не го проба завршниот производ?

Така, ако имате проблеми и не знаете како наједноставно да не го натерате своето дете да јаде, можеби ова е вистинското решение за вас! Вреди да се обидете, зар не?

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close