Бебе

Ова се најважните рутини за вашето бебе

Рутините се важни, како за бебето, така и за родителите.

Кога имаат воспоставено навики, бебињата развиваат чувство на сигурност и доверба. Ова чуство на љубов и навикнување ќе остане изразено кај вашето дете низ долги години.

Храна – зошто е важен точниот распоред на оброци?

Вашето дете поминува повеќе време во оброците – ако се придржавате до регуларни рутини, докажано е дека бебето ќе биде посреќно и поопуштено, а ако доите вашето млеко ќе биде похранливо. Штом видите дека вашето дете е гладно, нахранете го.

Ако лесно се вознемири, хранете го во просторија со помалку свето, не гледајте телевизија, ниту одговарајте на мејлови, зашто ако тоа го правите во текот на хранењето, на бебето му праќате порака дека не е доволно важно за вас.

Не нервирајте се ако вашето дете не бара да јаде на секое тир часа. Рутината не е исто што и распоредот.

Капење

Темпераментот на бебето и вашиот личен распоред ќе го одреди времето на капење. Не нервирајт се ако во почетокот не му се допаѓа капењето на вашето бебе. Соблекувањето и мокрењето со вода може да биде многу стресно за вашето дете. Ако видите дека навистина не му одговара, неколку дена капете го со топол сунѓер. Имајте на ум дека штотуку родените деца не би требало да се капаат секој ден.

Спиење

Легнувањето на детето во кревет можеби е најважната дневна рутина. Вашето дете ќе има подобар сон ако оди во кревет во точно определено време. Најдобро е тоа да биде помеѓу 19 и 20 часот. АКо го преморите во текот на денот, ќе има проблеми и во спиењето.

Препознајте ги навреме знаците на умор: спуштени капаци, триење на очите, плачливост и проѕевање.

И секако – ИГРА!

Три начини да го стимулирате бебето – читајте му, покажете му нови играчки и пуштете го да си игра на подот. Не користејте го ова време за да ја пребирате собата или да разговарате на телефон, туку бидете присутни за своето дете. Не паничете ако вниманието на вашето дете е кратко – тоа е нормално.

Пет до десет минути игра за штотуку родено дете е многу. Тие се многу чувствителни на бои, звуци и светлост. Кога им е доста забава, ќе почнат незаинтересирано да гледаат со очите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close